Немој да го пропуштиш првиот скрининг. Не ми е јасно како ти рекле дека не е битен...На тој скрининг се гледаат многу важни маркери и параметри кај плодот поврзани со генетски нарушувања. После изминување на 13 ипол недели тие маркери веќе се губат. Јас по препорака на мојот матичен правев кај д-р Гордана во Систина.
Искрено ме замисли матичнава, можеше да најде начин или да ме посочи на друго место, за брис три пати досега одам и стално и спомнувам ми вика уште не работат (инаку од Велес сум), звонев во Систина но не ми кренаа кога ме пренасочи во Гинекологија, па ќе пробувам пак Тоа сакав да знам дали е важен, но штом така морам да закажам. Како може кај неа да се закаже?
Јас на фиксниот број на Систина се јавував иако ретко кога креваат од прва и таму ќе им речеш да ти закажат скрининг и ако ти се брза потенцирај им... Мислам дека нема да згрешиш кај д-р Гордана Петровска ако го правиш туку напротив...
Извини уште едно прашање ако може, колку земаат во Систина за скринингот? Инаку закажав кај докторката за во понеделник, но за ценовник не ми креваат на телефон
Која ти е матична што не обрнува внимание на скринингот? И јас сум од Велес, јас бев кај Димчев. Првиот и вториот скрининг се 4550, а третиот 2650 го водат како обичен преглед.
Повеќето матични се исти како на членкава. Не е задолжителен ако е се во ред и ако е прва бременост па за некои и на втора им кажуваат така. Мене матичен гинеколог не сакаше упат да ми даде за крв да испитам ради ситуацијава не сме биле трудници за во лабалаторија да е жив и здрав општиот матичен што ми дава
Jas bev za vtor skrining kaj Korunovski, zadovolna sum, pregledot traese 20-25 min., gi gledase site organi, imaat 3d so 4d kombinirano, mn e fin i objasnuva ubavo
Која недела го правите вториот скрининг, 21? Едвај чекам да одам тогаш треба и брисеви да ми земаат, се плашам да не имам некоја бактерија, а не ја третирам.