Обично во 12та недела повеќето ги прават, јас ги каснев заради крварење и кафеав исцедок. А вторите брисеви мислам дека се на крај на бременост околу 35-36та недела
Втор триместар - Од 18. до 22. гестациска недела се прави ултразвучен скрининг со кој покрај тоа што се следи растот на плодот, главна задача е детална анализа на анатомијата на фетусот, поединечно неговите органи и исклучување на вродени аномалии на плодот, почнувајќи од најтешките, кои се ризични по животот на плодот, сè до помалите или козметички дефекти. Се анализира папчаникот, плацентата, нејзината поставеност, но и должината на грлото на матката, кое ни го одредува ризикот за предвремено породување. Во периодот од 24. до 28. недела се прави и тест за откривање гестациски дијабет.
Ивановски ми кажа Драшко не идел редовно на работа заради коронава, па ми вика кај Димчев да одам на ехокардиографија. Прашање, правел некој кај него ова?
Јави се утре во Систина, Драшко утре има прием закажи си,јас кај него ќе правам со полна 23та недела.
1250 ако се водиш кај него во ординацијата, 1600 ако не се водиш таму. Инаку за термини има не е проблем можеш 1 недела однапред да се јавиш Само ова е за втор цени за прв мислам поефтино е ама незнам за сигурнп да не те лажам
Кај кој доктор да си закажам за втор скрининг во ремедика.Елена Петрова наредните месеци Јуни и Јули немало да биде на работа.Првиот го правев кај Афродита.Како сте задоволни за втор скрининг кај неа
Јас бев и за втор и за трет скрининг кај Афродита. Ептен стручна и фина, за се што те интересира ти објаснува
Сега се јавив за да закажам втор скрининг во Ремедика за во јуни ми рекоа да се јавам за 2 дена тогаш ги пуштале термините за јуни Ве читам тука дека на 15 ги пуштаат, можно ли е да се зафатени
Neznaat I tie koga tocno ke.ima termini,eye jas Se javiv pred Eden cas I mi rekoa za utre nautro,taka za prviot skrining za Eden den site termini Bea zafateni. Ako e tocna informacijata deka Elena Pak ke bide na odmor vo Juni povtorno ke se zafatat brzo za den dva termite kaj Kotlarova I kaj Afrodita
Да и јас се јавив утрово и ми кажаа дека Елена нема да биде наредните 2 месеци на работа а за Афродита и Кацарска ке имале термини утре ама попладне ми кажаа на мене
Кај мене Димчев ми ја виде аномалијата кај синко па ме прептрати кај Драшко за да ме следи понатаму. Така да верувам дека ќе види ако нешто има за понатамошбо следење.
Здраво, да ве прашам дали со вториот скрининг е опфатен и ехокардиоваксуларен скрининг и дали и двата ги прави др. Димчев- Систина? Ако не, кај кој доктор во Систина или Ре Медика би ми препорачале да го закажам ехокардиоваскуларниот? Благодарам.