Ехо кардио е посебен преглед и го прави др.Драшко во Систина. Меѓутоа скоро ја читав @kukla21 дека Драшко ретко доаѓал во Скопје поради состојбата со Ковид19 и и го препорачале Димчев.
Денес ќе ѕвонам во систина и ќе видам што ќе ми кажат за Драшко. Димчев ми го препорача Ивановски. Баш во извештајот гледам пак.
Драшко наводно работи 3 дена во неделата. Ама немаа распоред за мене кога ми требаше затоа што се менувала состојбата нон стоп и оделе со распоред од недела за недела.
Која цена е? Јас со првото не правев, Димчев ништо не спомна, а сега Петровска ми го кажа овој вика иди ако сакаш, иако јас морфолошки се гледам супер.
Исто е и кај мене. Се е ок, ама препорачуваат. Не губам ништо да одам. После пораѓај, па на бебето му следи бесплатно ехо на срценце, така да со еден преглед добивам 2
Здраво! да прашам , правев скрининг ехо мислам и овие се резултати..ама ништо не разбирам ниту ми објасниле што е што и кај матичната кога и ги однесов резултатите само запиша на картон и рече ок и толку..а јас прегледот го чекав еве месец ипол скоро за да ми кажат ок. ме интересира ако некој знае тежина, висина , големина на череп или што знам од пишаново
@mimi6 и јас сум за еден месец на овој скрининг. Ме интересира како помина, колку траеше и дали доктор специјалист те гледаше или некој стажант? Истиот ми е во ГАК незнам како се и организирани таму со коронава....
Здраво ме интересира дали трт скрининг е задолжителен мислам потполно значаен како претходните, сакам да закажам за во систина пак па сакам ваше мислење ?
Ти пишува доле на извештајот дека све е добро нема што да се секираш види поназад некоја страница имаше членка пишано што значат кратенките а можеш и на нет да видиш
Јас имав термин во 10 и 45 и на влез те прашуваат од каде доаѓаш и дали си имала контакт со некој заболен од корона.. ти мерат температура и после чекаш ред.. прегледот траеше 7-8 мин на ехо и ништо не ти кажуваат, ако прашаш нешто одма арогантно ти враќаат.. прашав за пол и која недела сум точно,, и викаат доста прашуваш биди благодарна што те примивме во 10 и 45 што не чекаше до 11 ипол!! што да кажам катастрофа..а за докторот незнам ни што е.. знам дека друг пат сигурно во некоја клиника ќе си закажам здравје...
BPD - пречник на главата HC - обем на главата AC - обем на стомачетп FL - должина на бутна коска HL - должина на надлактицата Cerebellum - големина на мозочето Тоа горе лево ти е пресметаната тежина на бебче - 368 гр +/- 54 гр ( пресметано според мерките на стомачето, пречникот на главата, обемот на главчето и бутната коска ) Плодова вода, плацента исто така се си се во ред