Неможам да ти кажам во врска како одат скрининзите за време на коронава, но во врска со приската. Прво одиш во таа амбуланта 28 каде што ги прават скрининзите, те гледаат на ехо и одкога ќе завршат они самите со извештајот ти креираат и упат за приска. И неколку собички подоле одиш во лабараторијата да ти земат крв, и мислам дека резултати од прислата се после два дена (ако добро памтам).
Zdravo devojki, prv pat pisuvam vo temava, na 17ti kje pravam prv skrining, nosam dve bebenca, togas kje sum 11ta nedela I 6 den. Pa me interesira dali sum dobro so nedelata za prv skrining? Fala vi odnapred
скрининг во 12-та недела каде препорачувате од приватниве - кај димчев во систина или кај петрова во ремедика?
Девојки, да ве прашам за искуство со резултати од втор скрининг направен во 21+3 недела кај Котларова. При снимање на главчето, забележа две цисти - по една на секоја страна. Едната поголема, другата помала. Ми кажа дека знаат да се појават и дека вообичаено се губат до 28ма недела, но не ми звучеше нешто утешително... Доколку сами не се повлечат, имало процедура (интервенција) што се прави додека е во матката. Друга опција е да се роди бебето, па до кај втори месец да чекаме да се повлечат... Мене се ова прилично ме исплаши, па ве молам за мислење доколку некоја од вас имала сличен проблем?
Денес пробав да закажам втор скрининг во Систина и стандард одговор - 'немаме распоред сеуште за тој период'... Инаку за 29 или 30-ти јуни барав... Следна недела ми рекоа пак да се јавам...
Јас 5 пати звонев по ред 5 дена со истиот одговор беа "немаме распоред".Биди упорна и секој ден звони им, јас едвај заказав кај Димчев за утре за втор скрининг
Кажи им да им оставиш информации и за кога сакаш да закажеш, кога ќе добијат распоред да те имаат во план и да те побараат за да закажете. Мене така ми понудија, ми се јавија и закажавме.
Жени пишував и во др тема но не добив одговор, ве молам што мислите за мојот Приска резултат, докторот ми вика пишува низок ризик, но сепак ме мачат тие вредности , дали некоја од вас имала ваков случај? инаку на ехо бев и кај матичен и во систина, ми кажаа се океј, ама вредностите мали многу. е сега, на извештајој од систина на Димчев имам една ознака НТ.1.7 дали е исто со nuhal transluency што матичниот ме измерил 0.82 ? ( прво бев во систина,после кај матичен ) или пак вредностите од крв ми се големи :/
И да е 1.7, и да е 0.82 НТ (nuchal translucency) е супер мерка. Може секој доктор различно мери. Ич да не се секираш, резултатов е супер.
Приската не е многу веродостојна има и луѓе со висок ризик што им искочило а на крај сосема нормално си било бебето. Сите гинеколози не мерат исто тоа е факт,ако и во сидтина ти кажале дека е во ред тогаш нема потреба да се грижиш не ти е ни 2 нухален набор за да се потресуваш не си прави непотребни стресови
Фала ви многу што ме тешите, баш ради тоа и бев прво на мислење во систина , ради тоа што сум слушнала дека искачаат и лоши резултати !
Вчера бев на скрининг кај Димчев,некако многу брзо за 10 мин го заврши скринингот,како обичен преглед Некој што бил кај него да ми каже искуство,нешто посебно не сум задоволна јас