Девојки здраво. На 26.06 сум на прв скрининг во ремедика кај Др Симонида Котларова. Прва бременост ми е и не сум баш баш упатена ни од самата матична, знам само дека и приска спомна. Околу 8000 денари ми вика носи си.. Некое искуство кај оваа докторка да ми каже некоја која веќе била..И дали кажуваат пол уште сега? Мене матичната ми рече дека е девојче, ама дека не е 100% сигурна .. Инаку 12+7, скоро 13 недела ќе бидам
Се офајдија приватниве со прискиве и скрининзите. Нели клиника не работи па сега земај по 8.000 на оваа криза..!
Навистина премногу е ...Еве за мене не се проблем воопшто,ама има некој немаат ни за обичен преглед кај матичен не па волку пари. Но како и да е за живот се работи нели..
Мене ми остана вториот скрининг во ГАК да го правам. Немам за да платам приватно. Земав Н95 маска ќе носам ракавици. Ќе одам без мм и белки за 5/10 мин нема да ме фати нешто. Како и да е после прегледот ќе држам дистанца од сите за секој случај. Сакав кај матичната да го правам ама рече не и е толку јако ехото за 3д/4д.
Скоро чув рекоа немало родилки болни на ГАК верувам дека е ок таму ситуацијата сега за сега. Не му ја мисли во која болница и да одиш моментално е исто кога еве слушаме колку лажат дека биле во контакт итн. И јас исто таква маска имав купено дистанца од сите и толку нема шанси да биде нешто ако и другите носат маска.
Јас понеделник закажав втор скрининг во Систина, а и првиот го правев таму... Искрено да ти кажам да не инсистираше мојот матичен за таму, јас немаше никад да одам... За преглед од 5-6 мин да платиш 4550 ден е вон секоја граница... Има и други приватни ординации со одлични доктори кои прават скрининг на 4Д за 1500 ден. Мислам дека 4550 ден е премногу за секој, без разлика како стои со финансии... Без разлика каде ќе правиш скрининг гледај докторот кај кого одиш да ти е со препорака, да не оставиш на случајност каде ќе се паднеш...
12+7 е точно 13 недели. Ме имаат гледано и Симонида и Афродита и Петрова. Ок се сите. Петрова најмогу ја фалат и најискусна е ама не оди на работа поради Корона. Во септември ќе дошла. Можно е да ти кажат пол,посебно ако е машко и ако е свртено како што треба. Ама посигурно е на втор скрининг.
Супер е докторката и многу темелна. За пол може ќе ти кажат мено до 19 недела ми викаа најверојатно женско после излезе машко така да не се знае, зависи како ќе е наместено за да се види
Скринингот е толку 4400 а приска ќе ти каже Симонида дали треба. Мене ми кажаа не треба да правиш т.е. како сакам ама по ехо немало потреба јас сепак направив 3800 ден во авицена е чисто да знаеш
Кај неа ја водам бременоста, супер докторка, темелна, се си кажува, се што ќе прашаш убаво објаснува. Нема да згрешиш. На прв скрининг (јас бев 12+3) ми рече девојче (ама не беше сигурна) и погоди.
Дали во Систина е строго забрането да влезе таткото на скрининг ? Дали ако таткото инсистира да биде на скринингот му се дозволува да влезе? Минатиот скрининг влеговме двајцата ама тоа беше пред 2 месеци.
Драги членки, Нова сум на форумот, инаку 12та недела и во понеделникот правев прв скрининг кај матичната Д-р Снежана Гавриловска Миленкова, докторката до сега е океј, но бидејќи ми е прва бременост некако не сум многу мирна, па се мислам за повторен скрининг кај некој друг лекар, но од претходните коментари се спомнуваат само докторите од Ремедика и Систина како опции, па ме интересира дали има и некои други добри лекари за прв скрининг. Инаку матичната по димензиите и со оглед на возраста 28 год и историјат за болести во фамилијата ми рече дека не гледа потреба од правење Приска, но доколку јас лично сакам можам да направам приватно. Искрено од она што досега имам прочитано поважно ми е второ мислење од искусен доктор отколку резултати од приска. Во прилог ќе ви ги споделам и резултатите од првиот скрининг 12 нед и 3 дена - BPD (пречник на главата на бебето)= 1.88 cm; CRL (должина од глава до крај на 'рбет)= 6.59 cm; и NT (кожен набор на задна страна на вратот) = 1.27cm
Секој ден е различно нас не пуштија заедно да влеземе и немаше ни гужва Јас не сум задоволна од нејзе и нерви искинав искрено затоа и одам на приватно за скрининзи не знам каква е не ги правев кај нејзе што е многу нормално сигурно има и други доктори по приватниве што се доста добри али повеќето одиме кај веќе познати и затоа почесто ги слушаш ремедика и систина ако си во можност да закажеш таму цената сегде ќе ти биде таа помалце од 4000 нема нигде да ти земат
Јас бев минатиот петок и маж ми не го пуштија а инсистираше Како ке им текне изгледа така,бидејки претходниот ден бев на преглед кај друг доктор исто во систина и маж ми го пуштија да влезе
Mene vo strumica na privatno mi zemaa 500 den ova so skrininzite vo sistina I remedika e preterizam 4000 den na nekoj toa mu e pola plata da napomenam 500 den mi zemaa na privatno oti cela bremenost si ja vodev kaj toj dr samo vtoriot skrining i tretiot pak za sekoj slucaj si go napraviv na gak kaj dr lazarova i sum prezadovolna od nea no toa bese pred dve god