се извинувам, грешка. Ама и за скрининг ли се фаќаат врски? Нема логика, затоа не помислив дека за тоа зборите.
Дали некој правел скриниг во чаир и кај кого.Треба да правам трет скрининг,првите 2 ми беа на приватно и искрено нешто посебно не сум задоволна а и финански сега не сум во можност
Не знам за пораѓај како е ситуација горе дали е чисто и какви доктори нека кажат тие што знаат. Ама на државно можеш и без врски добро да пројдеш али зависи денот каков им е на докторите
Mamicki ,18 +5 sum ,se slusnav so Dr.Drakulevski i mi rece utre da idem za 2 scrining , dali se taman nedelite , da ne e rano? Mu kazav koja nedela sum ,rece taman
Ти си 19та, викаат дека се оди од 18та до 22ра, идеално 20та, јас лично бев 22+1, ниту твоето е рано ниту моето е касно, мислам дека не си рано штом и докторот ти рекол утре он најдобро знае
Озбилно? Ова сега ново да не покачиле цена...викаат третиот исто ко ехо и тоа што прават на трет протоци мерки ми го прават веќе на секој преглед не знам зошто разлика? Што дополнително прават?..во која недела го поравеше?
И јас знам дека е 2500 од каде сега 4400? Некоја збунка да не е? Ни прв скрининг не беше толку... Јас го закажав во 31ва.
Ја немам ни закажано..сега сум на редовно ехо 32ра нед и валда така ќе си го водат...досадија со скрининзи нека не претеруваат
Па да, мене не ми го ни спомна докторката како скрининг, туку како следен преглед во 31-32ра. Јас отприлика се водам по тоа дека тој период се прави скринингот, затоа ко скрининг го рачунам. Кога прашав а што се гледа на трет скрининг ми рече протоци, постелка, бебе како напредува..тоа истото што гледаат секогаш. Пиши баш колку ќе ти наплатат Ремедика за прегледот.