Пишав и во др тема ај и тука..редовно 2500ми го наплатија прегледов. 32ра недела сум не го ни закажав како скрининг туку редовна контрола. И истото секој пат што го гледаме беше.
E супер, значи како секој друг. Јас ниеден преглед не го имам како скрининг закажано досега, ама изглеа докторката си внесува во компјутер каков преглед бил па автоматски излегува сметката за плаќање.
Па ја тоа помислив ако се јави ш и закажеш Трет скрининг може така ќе те водат... Да сигурно она пишува нели извештај и си излегува сметка.
Јас закажав трет скрининг кај Афродита, инаку Хаџи Лега ме води па ми наплатија како обичен преглед...
Јас бев сега во вто Јас бев минатата недела кај Димчев, реално стручен е премногу, све си измери и си виде како што треба за 10 мин бев готова. На крај рече прашувај што те интересира, све ми одговори и додека ме прегледуваше викаше ако нешто не ти е јасно кажувај, јас само слушав хахах
Прв скрининг ти беше? Јас читав многу позитивни коментари за Димчев, и кажи ми дали лесно се наоѓа термин, или како оди? Колку време пред тоа закажа?
Втор скрининг, јас дека сум инвитро сестрата ми најде термин и ми кажа, искрено незнам како оди со термини и закажување
девојки јас закажав кај Афродита во ремедика немаше кај никој друг слободни термини дали некој има искуство со неа
и нема единстевен слободен термин беше кај афродита во понеделник од 9 и вторник од 12 , другите доктори и термини сите беа зафатени
Се јавив закажав за кај Афродита на 9 ти септември,прв слободен кај Симонида дури на 17 ти септември,многу ми се виде,кој ќе чека до тогаш.Ај ти ќе кажеш како си поминала пред мене
Јас сум полни 7 недели и веќе размислувам каде да го правам првиот скрининг. Можам и кај матичната во мојот град ама се мислам дали да отидам и во приватните. Кажете ми првиот скрининг опфаќа само ехо или и испитувања преку крв за приска?
Прво ехо правиш, па со мерките од ехото ти земаат крв за приска. Некои доктори ако се добри резултатите од мерките на ехо, не практикуваат да те праќаат за приска. Јас би те советувала да си направиш скрининг во некоја од приватните клиники доколку си во можност, или Гак/Чаир, сепак е важен преглед и не сите матични имаат толку добра опрема и не се сите толку стручни за таа работа. Најубаво си ја знаеш ти матичната сепак, ама ја искрено би отишла кај специјалист.
Земи си упат за на гак, сметам дека се постручни од матичните доктори. Првиот скриниг го правев кај Елена Николова, вториот кај Самарџиски
Првиот скрининг го правев кај матичната, но бидејќи прва бременост сакав да слушнам и друго мислење од специјалист па бев во Систина кај Д-р Гордана Петровска и бев задоволна, посветува внимание, можеш да прашаш се што те интересира, објаснува, дава совети... За вториот скрининг бидејќи матичната не го прави одлучив да им дадам шанса на ГАК и воедно да ги видам условите, начинот на кој се врши преглед и тн. Меѓутоа излегов разочарана, не ја коментирам стручноста на докторката инаку Д-р Ива Малахова Ѓореска, на почеток ништо не зборуваше само гледаше во монитор и земаше мерки. На крај ми кажа само дека генерално е океј и дека немаат соодветна апаратура за да видат се. Воедно тоа го пишува и во извештајот. Веднаш закажав повторно во Систина за во вторник 25.08 овој пат кај д-р Димчев врз основа на коментарите кои ги читам од форумот, се надевам дека се убаво ќе види и ќе ми објасни за да бидам спокојна.