Мојот матичен за скрининг ми даваше упат за на државно. Прв на Гак, втор во чаир имаше простор. Никогаш не ми спомнал тој да ми прави. Секако и на приватно никој не ти брани да одиш, ама не знам матичните како регулираат тоа со прегледите кога добиваш документ од установата со мислење од доктор кај што си правела скрининг. Не дека матичниот не ме гледаше подетално пример од првиот скрининг на гак, тоа е истиот преглед, ама сепак по протокол се прави во болниците за пораѓај.
Мојата матична исто ми правеше прв скрининг. Јас отидов и кај друг доктор потоа. За втор ама ми рече да бирам каде сакам. Претпоставувам се' зависи од апаратурата што ја има за се' што треба да се види во прв,втор,трет скрининг
Јас прв и втор скрининг во систина кај доктор Димчев с сега во чаир и ме буни на упатот не пишува кај кој доктор сум
Јас бев денес кај матичната,фала богу се беше супер,да беше несто сомнително ќе одев и на второ мислење,ама сега не.
@Nefertiti. ја бев кај матичната ама тоа е пошто секако сакав она да ми ја тера цела бременост. Сега еве за вториот скрининг отидов на друго место, она не можеше да ми го направи, ама и носев баш денеска резултати. Исто така и мојава ми наплаќа за прегледи, ама ако и носам некакви резултати или идам за усна консултација не ми наплаќа ништо. Во секој случај, твое си е да избереш кај ќе отидеш на преглед и дали за еден преглед ќе идеш само на едно место. Само мислам дека нема ништо лошо да ги види и она резултатите
Матичен гинеколог не треба и не смее да наплаќа преглед, особено не на трудница, државно е се бесплатно, па така и државниот матичен гинеколог не треба да ти наплаќа за буквално ништо, мене своеволно ми направи прв скрининг кај неа, ама ми рече ќе си одиш и во државна, и ако има потреба не дај боже, ќе одиме на второ мислење некаде приватно, ама среќа немаше и поминав со тие мерки и приска од државна.
Не смеат да наплаќаат ама напраќаат без око да им трепне. Јас додека живеев во МК секоја контрола ми ја наплаќаше ехо 300 ден, одземање на брис 200-300 денари. Исто земање на крв за анализа и тоа го плаќав како услуга.
Епа не треба и не смее, ама за се ни наплаќа, во мал град живееме и она е единствен матичен гинеколог и на сите со години наплаќала, а скрининг е 2000 ден замислете, јас бев без зборови кога првиот пат ми рече сестрата 300 денари за преглед.... Не можам за секој општ преглед до Скопје да идам, и така да тоа е тоа, на секои 3/4 недели си зима пари дотичната. И затоа од инает не правам скрининг кај неа, ќе одам во Чаир без око да ми трепне како што неа не и трепка што ни зима пари на сите.
Неделава сум на втор скрининг кај Афродите, во Ремедика па, да прашам. Само стомак или и вагинално со сондата е. Ова за да знам дали да се средувам (ме мрзи, ептем) друго, тие што бевте кај неа периодов, како сте задоволни? Што се кажува, гледа сега...и такви работи.
Не сум била кај Афродита ама доста тука ја фалат. Прегледот е ехо преку стомак, се гледаат и мерат посебно сите органи, срцето детално, протоци, постелка. Можно е да ти мерат цервикс, тоа е вагинално.
Жапче бев во понеделникот кај Афродита,прво преку стомак траеше скринингот едно пола саат се по ред секој орган посебно го гледаше,ти објаснува убаво,мери,бубрези,срце,желудник,мозок,прсти броеше дали се сите итн.После протоци твои и на бебето гледа,па и ми рече вагинално со сондата да ми измери грлото на матката.Супер е докторката,ја чекаше беба убаво да ја фати за сликичка ама немав среќа мојава се криеше со рацете на лице,па ми рече кога сакаш дојди друг пат ти стојам на располагање. Така да среди се
Кај Петрова бев за правата бременост,одличен доктор е и она,ама овој пат мислев дека не можев да закажам кај неа,не знаев дека почнала со работа.
ту бре, ќе мора да се средувам значи)) е, со душа чекам ново сличе и јас. Види ко така,некој друг ден и твоето инаетливче да го сликате уф,се надевам се' ќе е ок со бебе и со се'.
Се ќе биде во ред,без гајле.Баш да кажеш и за полот сигурно дали ќе е маже твоето може па сваќа да ми бидеш. Со првата ќерка имам многу убава слика од втор скрининг,иста таква се роди ,а оваа нешто многу се крие.
и јас чекам пак да видам пенисче. Нека не испаѓа работава бетер од ситуацијата со цимерката на ели.карамели...женско,женско,на крај раѓа уште едно машко Ако сфаќана @Emy867, ни откаже сватовство...ќе се посватиме бива.