и мене ме позамара за истото. Јас ама не ја изрецкав за Приската. Ги виде резултатите од прв скрининг нормални, го гледаше и сега..и па се запна за приска,зошто не сум направила кога имам 37. Ништо не и одговорив освен дека така решив. Нејќев да се стресирам. Ништо нема да ми смени сознанието дека нешто не е у ред со бебет. Јас и така и овака ќе го родам, ама затоа цела бременост ќе ја минам у стрес. Матичната ко прво по прегледот не ја ни спомна приска. Рече, здраво бебе. И во 18та недела го гледаше, исто рече, здраво бебенце. На крај може ќе испадне друго де, али не би да се замарам со тоа без причина. Има членка што со недели се стресира. Нема мислење пишано за друго освен лошиот глуп приска резултат.
Не знам, хаос ми е главата. Матичен гинеколог ми е Билјана од гинекомама, поликлиника Ѓорче. Ама, моментално сум во Битола и тргнав во плодност. Досега три прегледи во плодност кај д-р Сотир направив, искрено преубав впечаток ми остави. И сега се двоумам дали за скрининзи да си одам ск (кај матичната или гак) или да терам во плодност. Исто пари ми е дали ќе платам на приватно или ќе се шалтам до Скопје. Некој совет можеби?
Од д-р Сотир многу задоволни има, додуша за сите сум читала добри препораки. Не знам што да ти кажам... сепак и патувањето не е лесно ако веќе ги даваш истите пари.
Здраво мамички да ве прашам дали знаете за комора на черепот така нешто од бебето ми рече вчера докторката на граница била дебелината и не е страшно само треба да се следи и се нормализира, друго се е во ред инаку јас носам близнаци и се е во ред 20+4 сум, дали некоја имала вакво искуство, што може да се случи или има ли проблем понатаму со бебушот, многи се насекирав Да додадам дека имам напраено сите испитувања и пренетален тест се е во ред, односно негативни
Значи истиот муабет и тоа ете јас имам 31 год, мислам стварно ми пикна мисла во глава, не е сеедно. После и од друго место дознав дека ги форсира пренаталните тестови. Дали има некој ќар или не не би да грешам душа, ама која е поентата да правам пренатален тест во 5ти месец, да не ќе абортирам ако недај Боже има нешто. Исто се запна зошто па зошто не си правела. И кажав мерките беа ок, немаше потреба и толку
Прв пат слушам нешто вакво... кога го мерат ова? Не си ставај грижи на ум... штом не алармирале сигурно не е страшно
Не се стресирајте секој има право да си одлучи, а во приватно (ремедика сигурно за другите не можам да тврдам) од се што нарачале/наплатиле имаат процент бонус....така да.....
Тоа најубаво докторот ќе ти каже. Јас за прв едвај чекав мислев да одам одма штом влезам во 12та ама докторката ми рече не со полни 13 ќе дојдеш
Мислам што покасно тоа подобро. Покасно во смисла бебето е поголемо, подобро се гледаат и органите. Јас 21+6 ќе сум кога ќе го правам. Требаше пред една недела ама др. ги откажа термините.
Мислам дека што покасно тоа подобро.Јас исто како @Chanell* ќе бидам кога ќе го правам најкасно викаат до 22 недела
заради комори преткомори на срцето препорачуваат после 21 ва , јас бев 21+ 3 , Дракулевски рече баш на време си дошла
На прв скрининг ли зимаат брисеви? Уште имам кафеав исцедок како последица на крварњето не знам што брис ќе земат