Пред колку време е паметно да се закаже кај Димчев во Систина? Јас треба да одам првата недела од ноемрви на скрининг, па сакам да знам дали треба нешто порано да се закажува, зошто зборат дека имало многу гужва.
Јас денес се јавив да закажам од 19ти октомври натака, уште немаше распореди. Ми рекоа од понеделник да се јавам.
Да, знам дека на почеток на месец пуштаат распоред, затоа и ми беше чудно, не знам како да направам, се надевам ќе најдам слободен термин.
Јас исто се јавував за закажување може 3 недели пред терминот што сакав да го закажам, и распоред имаа дури последната недела за следната. Така да и една недела претходно да се јавиш не е касно.
Која е процедурата за скрининг во Систина во услови на ковид? Мерат температура и дали дозволуваат таткото да присуствува?
Мерат температура да, меѓутоа таткото може да чека само во чекална горе на први. Внатре не пуштаат да влезе.
Некој бил ли во брзо време во Чаир на скрининг? Кои денови прават таму скрининг? Мене вечер ќе ми кажат но доколку знае некој да каже да знам пошто јас утре планирав да одам, имам упат една недела што важе, но заради на работа што одам ми е, за утре земав ден.
не зависи од апаратурата туку од сертификатот кој го поеседува, не секој доктор има право да стави потпис на скрининг, сепак е посебна специјализација
Здраво на сите, за прв и втор скрининг одев дополнително и во систина, сега сакам да одам повторно за трет скрининг, воедно тој ќе ми биде и последен и пак да слушнам мислење од Д-р Димчев. Што мислите во која недела е најдобро да се оди на трет скрининг? Инаку сега сум 28+5.
Женички, дали некоја имала искуство со прв скрининг направен во 10+5 недела? Докторот не можеше убаво да го измери нухалниот набор ( не можел убаво да се издвои од амнион) и во извештајот пишува сиспектен набор над 2mm и препорака за нифти тест. Другите параметри се во ред. Носна коска нормален наод. Многу сум испаничена и не знам што да правам
Првиот скрининг се прави од 11 до 14 недела. Мене тука ми го правеја во 13та недела. За 10тина дена иди на некое второ мислење, ако сакаш да си бидеш мирна. Без паника и само позитивни мисли.