Ај да прашам некоја што била сега скоро во Ремедика на скрининг, има ли шанси да го пуштат и таткото или не?
Не само на скрининг,него ни на обични прегледи не пуштат внатре таткото.Јас баш прашав во вторник бев,ми рекоа ако влезе твојот,ќе сака и на некоја друга.имаме правило и не може....
Претпоставував... Греота ми е цела бременост кутриот го нема ни видено, ни чуено.... Ајде здравје ќе надоместиме коа ќе се роди...
Мене првата бременост ми ја следеше др. Котларова, и она ме пораѓаше, тогаш се беше во ред, ми објаснуваше детално, ми даде тел. број да се јавувам кога имам прашања, пријатна жена има добар пристап кон пациентите, се чувствував слободна да прашам се, немам замерка. А за другиод др. незам да кажам. Но по принцип во приватните клиники скоро сите доктори обрнуваат многу внимание на пациентите и објаснуваат детално, со мали исклучоци секако. Не сум од Скопје и сега во втората бременост немав баш можност да патувам за Скопје за секој преглед, но од минатиот месец пак започнав да одам кај неа, и сега во Недела сум на втор скрининг кај неа.
Веднаш од главниот влез коа влегуваш, десно. Јас бев таму пред 2 месеци се надевам не е нешто променето од тогаш.
И јас сум во недела кај неа на трет скрининг-контрола. Инаку прв пат ќе одам до сега одев во Систина, ама бидејќи многу ја фалат сакам да слушнам нејзино мислење пред крај
А за скрининг во Чаир тие што закажувате, дали со термин сте и се знае кај кој доктор - ви кажува сестрата кога ви го праве упатот, или сами си кажувате кај кого сакате? Јас за прв скрининг бев со приоритетен и не пишеше кај кого(бидејќи го барав одма за утредента) ама сега кога бев на преглед во Чаир ми рекоа уште од сега да си закажам за во 20та недела, а јас сум 15+2.
За на ГАК имаше термини доста пред некој ден кога закажував за втор скрининг, на 13.11 ми закажаа ќе бидам 23-та недела. Одбрав кај Иво Ќаев, докторот ми остави преубав впечаток до сега на прегледите. Баш ќе пишам како сум поминала. Инаку, до сега ехата што ми ги прават за клексаните се како скрининзи, по 10-15 минути ме гледаат сите и презадоволна сум. Да напоменам, немам никакви врски. Ич.
Јас закажав во петокот за во понеделник имаше термини за 3 скрининг во Чаир, само на матичната не и пишувало кој доктор е на ниеден термин.
И јас сум на скрининг кај Ќаев на 18.11, ќе бидам 22 недела, ќе чекам да пишеш како си поминала. Јас не го знам докторов, уствари ниту еден не знам од ГАК. Се надевам дека е барем искусен и стручен.
Девојки како ви закажуваат термин за втор скрининг за на ГАК сакам? Неколку пати барав од матичната се ми вика нема термини. Ова намерно за по приватниве да одиме ли?
Meckicja ke sakas li da mi kaze kako gledas dali ima termini, kako da gi baram, na ona fetalen skrinig ili ?
и јас гледав, нема, како гледате, да не грешам негде? Одам на мој термин, па гинекологија и акушерство, па Скопје, па јзу ук гинек и акушерство. Мене ми треба доктор Игор Самарџиски ама како да го најдам, земав упат приоритетен па ке го барамм така ако ме прими.