Прашај дали можеш да закажеш попладне кај некого ако ти се проблем смените. А не ти е рано 11+5. @Maya12, мене д-р Таше ми ги направи првиот и вториот скрининг, и обичните прегледи уште кај него ги терам... Од друга страна и добро што си била кај друг доктор, повеќе време имаат и нема толку чекање за преглед.
Мила мислам дека ме препрати кај друг бидејќи имаше многу гужва и да во право си мислам дека кај др Сотир барем побрзо ќе завршувам и нема да чекам толку
Одлично професјонален си е докторот си објаснува за секој орган поединечно јас го правев вториот скрининг кај него
Девојки да ве прашам на 14 сум на втор скрининг ќе бидам 20+4 ехо 6д доктор ми рече ќе можи и срцето да се види убаво што мислите вие?
Јас бев на 20+5 и сите органи вклучително и срцето се гледаа убаво и можеа да се измерат. Се јавив месец дена претходно дека сакам да закажам за втор скрининг и они ми го побараа терминот и сами ми закажаа за тогаш. Така да без гајле.
На ГАК нема термини за скрининг веќе подолго време следам на страната.. Дали има некоја од вас закажано за следната недела? Да барам термин по приватниве ако нема термини ако не се мислам...
Во петокот јас бев на преглед кај матичната и претпоставувам дека тогаш беа пуштени термините, бидејќи ми закажа за скрининг на 30.12.
Ме заборавиле од кај матичниот да ми закажат, а 2 недели по ред се јавувам да прашам дали ми закажале. Поштено да лупнам 4500 ден на приватно заради нечија неодговорност..