Не можам мила, вчера бев да дадам крв на трансфузиологија за крвната група, болницата мирисаше на измет. Си викам нема шанса повеќе да се шетам низ Болница. Крвни слики ова она, се правев приватно.
Јелена, каде точно е трансфузиологија, можеш ли да ми објасниш? Јас утре треба да одам. И дали тој Кумбсов тест го прават одма со испитувањето за крвна група или тој потоа се прави?
Ќе одиш во амбулантата на трансфузиона медицина. Се наоѓа лево од главниот влез (не влегуваш в болница), по едни скали со плава ограда и ќе влезиш во визба. Ќе поминиш покрај една врата со натпис детска амбуланта и ќе свртиш лево во еден долг и тесен ходник. Ќе стигниш до првата врата, пишува наплата и една стрелка за чекална има. Во таа врата ќе влезиш и ќе ја оставиш книшката, мајчината книшка и упатот од матичен. На упатот треба да пишува и Cooms. Резултатите ќе си ги земиш после 2 од трансфузиологија од главната зграда, на приземје лево.
Секогаш мирисало таму во визбите.. За жал.. Иначе за приска се зема крв во другиот дел на болницата во Биохемиска лабораторија .. Нема врска како си одлучила така и се да е во ред
Јас со едно прашање до вас... Дали правевте втор скрининг и каде правевте, мене матичниот ми кажа уште на почетокот кога го прашав дали да одам приватно да правам скрининзи, он ми кажа дека единствено што вреди да се направи приватно е вториот скрининг, и ми го стави тоа во глава па имам уште 2 недели до скринингот па да слушнам искуства. Се мислам измеѓу Коруновснки и Ремедика... ?
Здраво на сите , јас сум 16 недела со близнаци и првиот скрининг го правев на гак кај самарџиски и не платив ништо. Кај него бев по препорака и сум задоволна , а приска бидејки немаа реагенси во државна си правев во адриа лаб и си платив 3800. За втор скрининг планирам пак да одам кај него ако има термин. Исто доста добра била и ливринова . А стандард на контрола одам кај трајковски во њу борн и секој преглед е детален со димензии објаснување покажување што е што и сум презадоволна . Сега овде читам дека скоро сите идете на приватно па малку се подзамислувам
Каков Коруновски дали си нормална оној крајно непрофесионален со манијакални склоности ... или темедика или систина никако државна кај самарџиски или ливринова
Тие што се правеле скрининг во Систина кај Димчев дали имате прашано за СД од ехото или на УСБ да сними? Нешто имам наслушнато дека 500 ден.се плаќа СД.Ај ве молам некој ако е информиран или веќе го има поминато ова да ми пренесе
УСБ можеш да дадеш и ќе имаш се. За цд не сум чула дека наплаќаат. Еднаш имавме заборавено, па на цд сам ни сними. Никој пари за тоа не ни побара. Ова за Ивановски. Иста клиника е. Не гледам зошто би било различно кај Димчев.
Така така .... ако имаат интерес од тебе или ако им платиш .... иди си на приватно со тие пари ,нема да чекаш заедно со цела шутка по амбуланти
За жал мене од првиот скрининг само сликички ми даде Димчев, а од вториот немам ни сликичка. Само не препрати кај Драшко и си замина. Така да немам сликички од синко од вториот скриниг. За жал и таму само како парички не гледаат, а јас пошто не сум со ин витро кај нив овој пат (иако со години бев пациент на Лазаревски, со ХСГ, три инсеминации и ин витро кај нив) ме третираа како на државно да сум отишла и покрај тоа што еден тон пари имаат земено од мене.
@facule сестра ми ја породи самарџиски пред 6 месеци и е презадоволна. А и за двата скрининга во систина кај димчев - исто задоволна
Јас бев кај него за првиот скрининг по препорака и сум задоволна , се консултирав и со трајковски од њуборн и тој ми рече дека е во ред докторот...само ме зачуди што овде читав дека скоро сите идат по приватниве болници за скрининг па малку се загрижив .
И јас со ивф сум од Ремедика но ок не прими ме прегледа убаво детално само што чекавме 2ч.и полудев...ми даде 5 сликички и плус параметрите...ова за првиот скрининг...не збори многу но битно се гледа...а за пари во право си потполно те разбирам ах во ремедика колку само пари оставив но ајде само да ги износиме да си ги родиме а се друго ке заборавиме и ке заработуваме... Фала ти многу @kukla21 ке го прашам за усб ако ме откачи ке си се насмевнам и опашот под мене и тоа е но мислам нема да ме одбие баш ке пишам