Здраво мајки. Јас сум 12та недела, но термини за прв скрининг нема. Матичниот ми рече да одам денес да ми даде приоритетен упат и така да одам на ГАК утре. Па сакав да прашам дали била некоја од вас така, дали се чека многу дека со приоритетен, за да знам да се организирам за на работа. И дали би правеле проблем дека ќе бидам со приоритетен упат. Ви благодарам ❤
Не знам да ти кажам. Јас таму бев на втор скрининг затоа што немаше за на Гак. Не знам како оди со термини, мене матичниот тогаш ми закажа. Инаку на Гак се пораѓав и не знам како одат работите во Чаир.
Не земав приоритетен. Преку една пријателка (медицинска сестра) ми договори во четврток во 11 часот да одам кај др Адела Стефанија. Па она да ми го направи скринингот. Ќе видиме како ќе поминам.