Таман работа дека нешто ќе ни фали ако влезам сама. Едноставно си сакам и он да влезе. А и он едвај го чека секој преглед, ниту еден нема пропуштено до сега
Зависи од докторот. Сега на 5ти пуштаат како што кажа и ти. А, на 1ви, зависи кај кој доктор Имам впечаток дека само гордана е ппрестриктивна во однос на придружба...гледам кај други доктори си влегуваат.
Како за сите така и за нас. На Државна нема влагање ни во холот. Таткото само кога ќе се роди бебето влага.
Да, веројатно од докторот зависи. Кај Димчев влегувале и мажите, во Ремедика кај Елена исто. Од Чаир исто имам инфо дека може и мажот да влезе. Ќе се снајдеме некако Иако , најважно од се е само све да си е во ред
Се јавив сега баш. Не пуштале ниту кај Гордана ниту кај Димчев. Во Ремедика ќе дозволат ( нагласив дека ако треба и ковид тест ќе носиме). Јас сум на Господ бељата
Ќути Ќе видам што ќе ми кажат Ремедика, ама за секој случај можно е и Систина да појдам на второ мислење САМА Нема разбирачка со мене. За пораѓај ми е страв и да почнам да мислам. Тоа јајце ќе морам сама да го снесам Синќир само јас сум трудна на овој свет
Јас успеав да го пикнам мм во Чаир, а димчев не ми даде. Затоа во Чаир без проблем, ем за без пари ем мм влезе, а докторката од скрининг фина топ
Маж ми од прва контрола до последна беше со мене, само една контрола имаше промашено. На пораѓајот исто присуствуваше, немав никаков страв едноставно и он сакаше да биде со мене и јас со него.
Колку убаво На мм можеби и ќе му дозволат дури и на пораѓај да влезе. Ама нема шанса, категоричен е дека немало шанса да го издржи тоа. Вели- сакаш да ми пукне срцето Шо доктор ќе да беше. Тресулајка @ivani30 кај др.Ана беше у Чаир?
Ќе си смимаш со телефонот. Како о да е не трае многу првиот скрининг зимаат мерки носна коска мерат. Пренатален тест ќе правиш? И тоа мислам дека ќе ти препорачаат.
Фала ти Само уште ова да те прашам. Колку време однапред закажа за термин? @Tiny Love Фала ти, се мислев уште бараат корона тест.
Многу рано, цел месец унапред, дека заминав на одмор и не бев во Мк, па да не го мислам. Јави се, прашај. И јас мислев многу унапред е, нема да ми закажат, ама немаше проблем.
Не знам каде и во која тема да се обратам па еве и тука ќе пишам. Поради пронајдена аномалијја на бебето на втор скрининг, морам да направам прекин на бременост во 21 недела на ГАК. Ве молам доколку некој има слично искуство да сподели или да ме упати каде да прочитам искуства за ваки случаеви, бидејќи сум многу исплашена. Ви благодарам