Preporaclivo e za in vitrata i za vozrasni zeni nad 35 da se napravi neinvaziven prenatalen skrining preku krv za analiza na fetalna dnk, skapicko e, ama vredi. Standard e 2, no poznavam dosta prijatelki sto imale nad 2 i se bilo vo red. No jas bi pretpocitala i analiza na fetalna dnk. Sepak zavisno do moznostite. Nekogas dovolno e i priska. Vasa odluka e vo koordinacija so ginekologot sto ve vodi.
Овој резултат треба да го носиш кај тој што ти прави прв скрининг. Мистичната или? Заедно со овој резултат и параметри од ехо (носна коска гледаат на бебето и вратен набор), ти кажуваат што како. Овој резултат ти е добар, мала шанса 1:10000, но мора се убаво да види тој што ти правел или ќе ти прави скрининг.
Здраво. Јас го направив и вториот скрининг и фала му на Бога добар е. Бев кај Докторка Елена Петрова во Ремедика, фина е ми покажа за се' кое и што е. Со мене влезе и маж ми, сестрата рече ако дозволи докторката. Среќа дозволи И вели сестрата ако прашува некој, без маж ти си влегла Јас се нервирав дека не го осеќам многу бебето и често, а тоа не престана да се врти и мрда Едвај го сликавме, ама доволно се гледа. Секако заљубена сум во моето мало човече.
Јас сум задоволна мила. Фина и приступачна докторка, слична како нашиот доктор во њу борн. Ако не сум грешка дека и ти беше таму. Јас бев во 20+4 на преглед.
Не си грешка мила, кај најдобриот сме, баш вчера бев на ехо и ми даваше предлози за кај 10тина добри скрининг доктори да бирам каде сакам да одам, рано ми е ке почекам уште месец дена ама се мислам за кај докторкава ептен и за Димчев, ќе видиме
Ич да не се секираш. Во првата бременост се оптеретив скроз заради plexus cerebelum циста, што е ова што го зборуваш, течност збиена. Дури и да не исчезне не се секирај. Ќерка ми ене ја душата ми ја вади, сосе алишта ќе те продаде колку е паметна и бистра. Во оваа бременост сега видоа исто циста која е сега лоцирана на венски сплет на мозок малтене иста прича. Исчитана ми е цела неонатална неврологија, ич не се оптеретувај. Единствен проблем постои кога е врзана со сериозна генетска аномалија едвардсов синдром кој неизбежно е врзан со кардиолошки и други сериозни проблеми, што секако дека би биле веднаш детектирани во скрининзите така да уживај свиркај си за водата. Тоа во одредени земји веќе не го ни соопштувале на трудницата за да не и предизвикуваат непотребен стрес
Јас имам убави искуства од Адамова, професионалец. Како на предавање ѝ е прегледот, со објаснувања, со мерки, со разбирлив а докторски речник. На пример, на втор скрининг во првата бременост виде водена циста во мозокот на бебето за која ми објасни дека е непотребно да се грижам и дека на најзините пациентки на кои им водела бременост воопшто не им кажувала да не ги стресира. Мене како доктор многу ми се допаѓа
Јас мојот го правев во 22+4 недела за да се види поубаво.Матичната ми кажа најубаво е меѓу 20-24 ,некаде читам дека од 18 до 22 прават,сепак консултирај се со матичниот најубаво
Здравоо, за недела-две треба да правам прв скрининг, па ме интересира дали кај матичните доктори или во државна болница се плаќа, и која е цената ? Дали може да се направи комбинација ехото да го направам на приватно а тоа што се испитува преку крв на болница ? Матичниот доктор треба да ме упати ? Вчера бев кај него ( инаку сум 10 недела ) ми рече по две три недели да се вратам па ќе сме виделе што ќе сме правеле... Да не треба нешто со време да се закажува, да се чека за термини ?
Да со термини е, во државна болница не се наплаќа али матичниот ќе ти наплати цената е различна кај сите. Ако одиш приватно за скрининг(моја препорака ти е за приватен) јави и се да закажеш.
Ако идеш на државно секој месец пуштаат термини за идниот, сега веќе сигурно се пуштени и пополнети за август. По две-три недели веќе ќе е касно дури тогаш да те упатува, тогаш треба да го правиш скринингот. За на приватно сам си закажуваш, не ти закажува матичен, цените се околу 4 000 денари за ехо прегледот, варираат секаде. За крвта не знам колку се наплаќа на приватно, на државно и двете се бесплатни.
Ви благодарам, јас најверојатно ќе правам на приватно за ехо, деновиве сакам да се закажам, но сакав доколку може за крв да испитам на болница, а матичниот ми рече да одам кај него на 16-17 јули, тогаш веќе ќе сум 13 недела... Не знам што планира, дали тогаш ќе можи да пиши упат за на болница за испитување на крв ??
Можеш да го направиш првиот скриниг на приватно, а испитување за приска да ти направат во државна болница ( само претходно ке си земеш упат од матичен гинеколог). Мене докторката ми кажа дека скринигот и приската треба да се направат истиот ден или најмногу со 24 часа разлика, за да не дојде до разлика во димензиите.
Ќе се јавам утре да закажам прво на приватно, а потоа кога ќе го знам терминот ќе одам кај матичниот пак да си побарам упат за на државна Се надевам нема да има проблеми..