Трет скрининг препорака? Мојата матична вели не е битен толку немора да се прави. Останав зачудена. Слушам од другарки бил битен и третиот ама муабетов од матичнава ме буни многу..
И мене ми рече исто, може сме кај истата. Ми рече 2 имаш, пренетслен бебе е супер. Во Чаир не прават во Гак не знам. Се мислам да појдам кај докторот шро ќе ме пораѓа да ме зирне аке не не знам ни јас сум без памет. Не ми се даваат више пари по приватни
Повеќе е како измислен првиот и вториот се битни. Секако последен месец се гледаат постелка, протоци се до пораѓај. Цтг исто, грло се гледа дали си отворена, плодова вода дали се намалува, дали е заматена итн. Првиот скрининг е битен за нухален набор и носна коска, а вториот скрининг се гледаат сите органи, протоци се се мери. Со лесно и не се паничи
Фала ви. Само што си ја контактирав др од државна шо ќе ме пораѓа,рече во текот на 32недела дојди нема да штети да видиме.
Тие што правевте втор скриниг кај Димчев, кога закажувавте нагласивте дека е за скрининг или само си закажавте?
И кажав на телефон, и ми одговори кога ќе влезеш кај докторот ќе му кажеш за што си. Така што нема потреба, директно на Димчев кажи му дека си за втор скрининг.
Јас на преглед отидов он скрининг ми направи во 19 недела. Забележав по извештајот и цената што ја платив
На преглед бев вчера 18гн кај Лазаревски, се прегледа детално, но на крај ми рече за 4 недели закажи долу за скрининг. За 4 недели е 22 гн не знам дали е касно за 2 скрининг. Се мислам 21гн да закажам кај Димчев ако не е на одмор.
Денес бев на конторола, 8+3 сум, ми рече за 4 недели да одам на скрининг. Е сега како сте задовопни од скрининг кај Коруноски, или да си закажам на приватно некаде. Исто ми кажа дека ќе ми даде упат за приска1 на државно, што би ме советувале дали да го правам таму или на приватно? Во Ремедика разбрав скрининг+приска било 9000, па бидејчи е доста висока сума дали вреди да се даде или и на државна ќе завршам работа.
Здраво на сите. Имам една дилема. Според менструација на втор скрининг ќе бидам 24та недела, а ултразвукот вика дека ќе сум 23 точно (прв ден), за тогаш и ми закажа матичната. Бебево една недела е назад според ултразвукот. Е сега прашањето ми е, да не е касно и која е точната гестациска недела. Секое мислење е добредојдено.
Дечки, поздрав, дали знаете кој прави втор скрининг на ГАК и во Чаир? Не можам веќе да плаќам приватни прегледи. Фала
Јас правев втор скрининг во Чаир.Иначе таму прават др,пранвера,кировски и шпишиќ....и исрено супер поминав кај Др.Пранвера детално,оолу 30 минути ме гледаше.За прв бев кај Димчев и правев пренетален и мене веќе не ми се даваа пари .....На гак не сум била ама има добри доктори и таму само што има гужва повеќе