И мене ме интересира што се има случено со Димчев, зошто сега треба да правам втор скрининг и се мислам меѓу Димчев и Петрова
Вие што треба да одите на прв скрининг опуштете се и одете со позитивна мисла дека ке слушнете како се е во ред,не размислувајте што и како на некоја и кажале или и се десило. Ја додека одев прв пат цел пат си плачев од мисла ' што ке ми кажат ' па притисокот ми беше 170 и среќа имаа разбирање дека сум растревожена и после прегледот ми беше 140 па избегнав терапија. Еве цела бременост ми е 110,120. Значи сите се стручњаци што прават скрининзи и гледајте со вашето бебе се да е во ред другите негативни искуства избегавајте ги мој совет
Јас сосема смирена и возбудена бев на прв скрининг. Прво правев кај матичната, се беше супер и кога требаше да одам на приватно знаев дека ќе се слушнам дека се е во ред Првиот пат мереше што мереше, измери 5 различни мерки и ми рече дека не е наместено добро бебето, да одам пак за 3 дена пак да измери. Пак мереше и испадна дека мерките не се добри, односно најголемата измерена мора да се земе како точна, па да си размислам дали ќе правам неинвазивен ВО ФИРМИТЕ СО КОИ СОРАБОТУВА, дали амнио или да размислам дали да ја продолжам бременоста Се вратив кај матичната и мереше пак ми кажа дека мерките се супер, но сепак од стрес правев пренатален. Среќа резултатите испаднаа добро. Наравоучение, докторката зема процент од тоа колку пациенти ќе прати на тестирање, што го заклучив после разговор со други кои биле кај истата докторка. На крај кога и пратив резултати од тестот не ми ни врати, бидејќи не го правев на местата каде што таа ми кажа да го правам. Затоа ме интересираат мислења и искуства на други трудници како поминале кај одреден доктор.
Тужи и ке видиш. Ако најдеш добар адвокат ке добиеш. Да не дојде до тоа само. Систина платила за да не и се наруши угледот, да не им избегаат пациенти како што бегаат од Санте. Мислам дека Систина од пораѓаи и се околу бременост печали најмногу.
Ако има вродена аномалија, ако има некој синдром, и најпозитивна мисла нема да ги смени гените. Ти треба добар доктор кој умее да види дијагноза. Ако ти е сеедно за дијагнозата не ти треба одење по скрининзи.
А зошто бегаат од Санте? Јас па таму мислев да се пораѓам.. Инаку оштета ништо не е, посебно ако се случи грешка или неубав исход од бременост. Тука скоро сите сме со некоја историја, знаеме како е да се изгуби нешто скапоцено, и ниедни пари не надоместуваат. Не би сакала да споделувам трагични случки, што се случило на мајка во Систина со Димчев од повеќе причини, најголема е тоа што не е лично мое искуство да го споделувам. Ама затоа на памет не ми паднало да одам кај него, иако една/две грешки не го прават лош доктор, само што во нивната струка влогот е многу голем а грешките скапо коштаат.
Пример докторката кај што одиш ти и си презадоволна, незнае да дијагностицира тешка аномалиа ниту па да ја објани па си отвара енциклопедија и покажува сликички. Чиниш животиско царство е ова. Патем таа уште работи? Незнам навистина кој и дава дозвола, престара е веќе за работа.
Професорката? Искрено, јас не побарав мислења од паталци, мене ми ја препорача доктор, не од нејзина бранша додуше, како најкомпетентна за скрининзи кога бев висок ризик за даун минатата бременост. Мене ми се допадна што објаснува баш како на предавања, со детали и подобјаснувања, темелна ми се виде како мојата тогашна матична. На двете им верував, и имаа исти заклучоци. Може и тоа придонесе до тоа да ја почитувам. А за ова не знам дека не видела/препознала тешка аномалија.. Мене ситна цистичка ми виде во мозок на бебе, и ми објасни што е и како е, и зошто не треба да ме загрижува.. Дури, се изненадив кога се породив дојде да ме види во соба, со детали за гестациска недела, пол на бебе, а мислев дека не ме ни памти од два прегледи (дека прастара).
Нема никогаш да добиеш во државно само државните службеници се во право. Затоа и спомнав дека само кога ќе им го свирнат куршумот ќе добијат нешто. Исто како со родилката што се случи што и ги извафија органите од Дебар ем она оштетена ем крива испадна.
Да Професорката. Исто препратена од доктор кај нејзе. Не зборам од памет или од искуство на комшика туку од лично. Професор доктор да не знае да објасни аномалиа и отвара енциклопедија по мое треба да си ја скине дипломата.
Жал ми е што си имала такво истуство. Си кажав дека не консултирав паталци.. Може затоа секогаш гардот ми е кренат кога се работи за доктори-барем две, евентуално три мислења консултирам. Имам забележано дека дури и најстручни да се, и без грешки, сепак дозволуваат ставовите што ги имаат за одредени процедури/лекови/и др. да влијаат на препораките што им ги даваат на пациентите. ПС. Ако заклучивме дека нема совршен лекар, туку позитивни и негативни искуства, да ја "разлабавиме" темата за идни паталци што ќе бараат искуства
Никој не спомна дека ако има вродена аномалија или некој синдром, туку тие што одат прв пат да одат без терет на некоја што и рекле и како поминала. Ако не може позитивна мисла да ни помогне негативна па ич. И никој не вика да не се оди на скрининзи и да не се замара туку да одат кај сметаат дека треба има различни доктори со различен пристап а стручни во областа
ти ја разбирам пораката но лошо си пишала..Секако,позитивна мисла,но секогаш на се треба да си спремен во животот.Баш на тие скрининзи се утврдуваат аномалии. ..А што се десило со Димчев?(што спомнувате оштета систина плаќала) Мослев единствена сум на кој и утнал дијагноза...
Завршен втор скрининг кај др.Петрова со бебка се во ред за др.само пофални зборови не збори многу ама тоа што трба ќе ти каже и без да прашаш сега може да се отпуштиме малку и да уживаме поздрав женички.
Мојот матичен има своја лабораторија па си прави пренатални. Секој ќе си заработи, како и да земеш. И Авицена заработува. Јас имав висок ризик на приска и години. После тој тест ми падна камен од срце, не сакав да правам амнио.
Ти си имала висок ризик од приска и години, ете си имала прочини да го направиш пренаталниот . Јас имав низок ризик и имам 23 години. Плус, мерките кај матичната ми испандаа добри на 2 мерења, ми рече дека се е во ред. Јас еве сум убедена дека за пари ми го направи стресот, иако можеби не е така. Зошто не ми ги прочита резултатите не ми врати нешто кога и ги пратив. Сигурна сум дека ќе ми вратеше ако го направев во некоја лабараторија која таа ми ги препорача. Си стави печати на визитките и 3 пати ми напомена да кажам кој ме пратил За тоа дека ќе заработат сите, точно дека ќе заработат. Не сакав баш таа да заработи на мојот стрес.