Еве јас од лично искуство од кај Димчев,скрининг 22 недела бебето одговараше на 21 недела ,без клексани или фраксипарин ме оставија ,ни проток ни ништо не кажа додека траеше скринингот,бебето тежеше 410гр.И од тогаш почна да заостанува со неделите ,одев де кај него де кај Поповиќ и демек ај амнио ај ова се направив,на крај 27 недела бебето беше 500 гр.и морав да се породам и нормално ја изгубив.Не знам кого да кривам,ама мојата нога не стапна повеќе во Систина...Извинете за негативата ....И да резулататите од обдукција беа дека бебето нема аномалии никави само било проблем протокот....
Не е за "❤️ми се допаѓа", ама праќам виртуелна За жал имам искусено слично, загубив близначиња во 7-8 недела. Знам, не се споредува со твоето во секој случај, беа само точкички, ама затоа интуицијата во оваа бременост ми беше дека треба да примам клексани, и покрај тоа што не сум ивф (логиката на мојот матичен е дека превентивно само со ивф примале антикоагуланти) и покрај тоа што имав на првите мерења нормални димери (и скратени времиња, ама пола од докторите ми тврдат дека нормално било да се скратени во бременост). Еден доктор специјалист гиниколог дури ми тврдеше дека ако имало промени во постелката или протоците требало да се даваат клексани, ама ај ми ги препиша демек неволно (ко он од џеб да ги плаќа). Сакав да го прашам Дали дневно да идам да следи протоци и постелка или по кој распоред? Или кога ќе се случи куршлус да го барам да се докажуваме?! Што ми вреди тогаш?! За среќа буткам некако со моето мало виножито, уште само два месеци да избуткаме и веќе освен за пап годишно неќум гинеколог ни на улица да сретнам. Така ми е преку глава од нивните гигантски ега
Точно во инвитро ги даваат клексаните превентивно првите недели меѓутоа голем дел од нас сме со генетски мутации на тромбофилија кај што неопходна е антикоагулантна терапија бидејќи без неа се случуваат спонтани абортуси во рана бременост . Сакам да кажам што е жално во нашава држава што не даваат упат за ова испитување ако претходно немаш 4 абортуси
Јас после неуспешната бременост, сама си побарав да ми дадат упат. Ме поучи другар доктор за среќа, ама матичниот не знаеше како и каде да ме упати, па сакаше да ме откачи.. Па барав на интернет како се вика испитувањето, како да го насловат упатот. И искрено им се обратив со зборовите "37 години сум, сакам уште едно дете, ако забременам и ми се случи исто-ќе бидеш одговорна лично?". ПС. Никаде не пишува на страната на МАНУ дека треба да имаш одреден број на спонтани за да правиш генетско испитување за тромбофилии. Тоа нашите гиниколози имаат некој став, што нас нѐ кошта години и средства вложени во борба за дете
Мене не ми дозволи да влезе сопругот иако е вакциниран и прележан. Сликички си добиваш ако се намести убаво бебе, моево баш и не соработуваше ама сепак докторката се обидуваше да направи убава сликичка
Најмногу ми е за да може он да влезе Кај матичниот знам дека нема да го пуштат па бар на приватно кога ќе одам да го пуштат На првиот скрининг Афродита во Ремедика го пушти
Мене за Систина ми кажа една блиска пријателка дека Димчев го пуштил маж и се надевам дека и нашите ќе ги пуштат дали во Систина дали во Ремедика
Se cudam sto citam vakvo mislenje za profesorkata kaj nejze bev za vtor skrining i ona mi kaza deka bebeto ne mi e vekje zivo koga ja prasav od sto moze da bide mi kaza placentata bila insuficientna toa podocna i go pusuvase vo obdukcioniot naod.
Бев јас пред два дена на обично ехо го пуштија, и не само мојот туку сите мажи си влегуваа како придружба
Јас кога бев во јули го пушти сопругот, само додека го гледаше бебето и после му кажа да излезе и мереше уште нешто, па разговор. Најубаво да си прашаш. Иако во Ремедика генерално се построги во однос на придружби во споредба на Систина, ова мое мислење. Имаше периоди кога не пуштаа ни во ходник придружба.
Здраво, за скрининг која е подобра Петрова или Афродита во Ремедика? Сум одела кај Котларова супер е ама нема термин кај нејзе.
Кај мене го пушти и маж ми на скринингот, а и подоцна одевме уште 2-3 пати заедно и него го пушташе. Последниот пат сестрата рече само јас да влезам, ама Петрова вели ај и маж и може вакциниран е. И секогаш го нуди и столче да седне и да го гледа бебето. Такво е моето искуство.
Втор скрининг закажав во 20+4 и 20+5, не ми се чекаше повеќе се надевам убаво ќеможе да се види се. Што е најважно да се провери во втор скрининг, во случај да не ми кажат да знам што да потпрашам
Па не знам дали има стандардна процедура или зависи од доктор до доктор. Кај мене ги броеше прстињата, секое органче посебно го гледаше и коментираше, мозочето, срценцето, се се баш се ми објасни до детал. Е лицето не сакаше да го покаже госпоѓицава, сакаше да и го види устето докторот дали и е развиено ама ова се криеше иако ја молевме пола саат да се заврти Плус ми го мереше цервиксот.
Втор скрининг е за меки ткива и органи. Се гледаат сите органи посебно, дали се формирани и дали се во функција (мозок, хранопровод, желудник, срце, комори и предкомори, главни артерии, црева, бубрези,генитални органи). Се гледаат и лице, уста и нос дали се убаво формирани и дали има т.н.зајачка уста, се бројат прстиња на ноџиња и рачиња, се мери нивна големина (фемур, потколеница, надлактица, подлактица, обем на меше, обем на глава) и дали е сѐ пропорционално со остатокот на телото, дали одговара на неделите. Се мери проток на крв преку папочна врвца, се гледа плацента, количина на плодова вода. Мојот скрининг така изгледа по извештајот што го имам, а и не беше така одамна па детално се сеќавам Со среќа Пс. Треба да има Протокол по кој се оди, дури ако имате и конкретна состојба/сомнеж/семејна историја на нешто треба да си кажете да се обрне повеќе внимание на тоа
Јас денес бев на преглед кај матичната и баш ја прашав дали може да закажам во 20+5 и она ми одобри и ја сум нестрплива