Znae li nekoj koja cena e tret skrinig vo Remedika? So ogled na toa sto prv e 9500 a vtor 4500 neznam sto da ocekuvam tretiot
И првиот е 4500, но најверојатно си правела и пруска таму па ти наплатиле 9500. Јас приска правев на државно и за скринингот само платив 4500.
Не, во понеделник сум кај матичниот, вторник на приватно. До сега на ГАК немам отидено. Они само прва смена работат за скрининзи и дали ми треба упат од матичен за на ГАК?
Да, јас во средата бев кај матичната. Таа ми даде упат за скрининг на ГАК. И за приска и прв скрининг исто со упат од матичната бев.
Денес се јавив да се информирам за цена за втор скрининг во Систина, патем близначка пременост и цената беше 7200, епа што е многу, многу е
Wow стварно претерале, јес да две бебенца треба да гледа ама дупло ценава Ехо е ехо можеле нешто симболично плус, ама дуплоПровери ако има термини на Гак има стварно добри доктори, јас кога требаше немаше ништо слободно и отидов во Ремедика. Што е мн многу е стварно!
Мамички како закажувате трет скрининг во Чаир-доплер Мојот матичен неможе да најде такво испитување за таму а знам дека има инаку втор правев во Систина а за на ГАК ми рекоа ехото ни било расипано во 36 а во 37 нема термини За во Чаир треба ли за кај некој доктор да закажам термин или за во некоја амбуланта???
Не е целосно расипано само не е баш како што треба така ми кажаа докторите од таму кога бев за втор скрининг ми рекоа дека не се гледа на него дајдобро а некои трудници што беа за доплер ги одведоа во 37 за да го направат прегледот таму Јас после тој преглед си закажав во Систина нов скрининг и затоа сега сакам да одам во Чаир ама матичниот незнае да ми закаже Значи можеби е ок ехото сега јас бев пред два месеца
Ве молам за помош плодот ми е со деформитет на десно стапало што значи е завртена ногичката се развива на внатрешна страна и не ја мрди воопшто матичниот ме избрка како куче бидејќи сум отишла на скриниг кај приватен доктор...Приватниот доктор ми откри дека детето има деформитет бев уште на 2 мислења и ми потврдија исто ми треба упат за на гак за супервизија...Што да правам дали може без упат да ме прегледат на гак....Матичниот ме испиша веднаш во моментот додека бев кај него за упат
Како бе те избркал оти си отишла на приватен доктор? Па милион жени паралелно водат бременост и кај матичен и на приватно. Некои не се ни појавуваат кај матичен освен за упати и потврди. Барај си друг матичен. Иначе да.. без упат не можеш да одиш на државно...
Ќе си идеш кај некој друг гинеколог, ќе му објасниш како ти кажале, што ти кажале. Нека те погледнат и таму и барај си упат за на гак за во најскоро време. Не може некој за твои пари, твое дете и твои нерви да ти се понаша. Трудна си, нормално дека ќе си бараш и второ и трето и седмо мислење ако сакаш. Па уште и те испишал, ау се навредил што си побарала друго мислење. Бог да чува. Ти посакувам да се среди ситуацијата и се да ти биде во најдобар ред и до крајот на бременоста да си немаш никакви нервози
За матичниот ич да не му ја мислиш не ти ни треба таков а за глуждот мислам дека никој не може да знае додека не се роди бидејќи сега му е тесно на бебуш па може само заземал таква позиција. Со оваа медицина моментално мислам дека нема потреба да се грижиш бидејќи многу од тие проблеми можат да се решат со истегнувања и масажи. Размисли си каде ке се пораѓаш во случај ако треба интервенција по пораѓај
Одма да си најдеш нов матичен, со објаснување зошто менуваш матичен само ако те праша. Нормално, ќе му ја објасниш цела историја на бременоста, извештаите од сите испитувања и мислења, сомнежот дека е генетско бидејќи маж ти имал иста/слична манифестација. Не си доктор, па не се воздржувај да прашаш сѐ, што мисли, каде ќе упати, како ќе ти помогне. Докторите се таму за пациентите, не обратно. Ако некој се дрзнал да брка трудница од ординација според мене заслужува пријава до надлежни институции, до Комора на гинеколози итн. Ама знае дека во таа ситуација немаш време/желба да се занимаваш со него па ќе се извлече лесно за жал.