Сликичките се обични, пишува 2д.Прегледа се по ред, мереше димензии, глава, мозок, желудник, срце бубрези, ножиња рачиња ама како извештај не ми даде документ со мерки.Само пиша дека одговара на 22 недела, дека има доволно плодова вода и ми рече да правам контрола на д димери поради присуство на лакуни. Мене ова стварно не ми е јасно, се измалтретирав да одам до Скопје, платив поскапо демек за посигурно а сега испаѓа дека ме гледала на обично ехо?Другарка моја беше тука кај еден лекар кој има 4д ехо, и даде 3 страни А4 формат со испринтани слики од бебето (жолти) и со мерки на све што е мерено со податоци на која недеа одговараат. Има ли некој слично искуство со Санте плус?
Скрининзите се прават на 3д, 4д ехо, на обично црнобело 2д ехо не може. Може само сликичките се од 2д ехото, а бебето да го гледале на 3д, 4д.
Колку пари да си планирам за втор скрининг во Ремедика? И дали е само скринингот или како првиот пат и брисеви и приска, па од 2000, 10000 испаднаа.
priska nema na vtor skrining, vtorite brisevi se pravat pokasno , skriningot vo sistina e 4000 gore dole tolku treba i vo remedika da e.
Некој погоре имаше пишано 3700 дека е скрининг во Ремедика а во Систина јас платив 4050 ден.и за прв и за втор скрининг.Вториот скрининг е само ултразвук со доплер ги гледа органчињата како се развиваат,проток на крвни садови на бебе,мозочето,срценцето,мерки на главче,раце,нозе,меше,плодова вода,покрети...може да сум испуштила нешто битно воглавном тоа е тоа...Сликички даваат во 4Д плус мерките и извештај во прилог.
Здраво Феминки, за неколку дена ќе правам скрининг во Ремедика. Сакам да ве прашам дали гледаат само на ехо абдоминално или и вагинално ќе ме гледа, бидејќи прочитав во незнам точни која тема дека на една феминка и мереле цервикс а нели тоа се проверува вагинално или грешам? Инаку сум 22 недела. Фала ви многу, пријатна вечер
Скринигот се први на абодменално ехо, но ако ти мери и цервикс по веродостојни се резултатите со вагинално ехо. (само за цервикс)
Дали е подобро вториов скининг да го направам во 20 недела или да почекам уште? Инаку планирам во Санте па и за таму споделете искуства
Уште мaлку требa дa гo нaпрaвaм првиoт скрининг вo систинa.Кaкви се вaшите искуствa сo др. Слoбoдaн Лaзaревски?
Супер е докторот, само позитивни искуства и коментари за него. Стручен и искусен! Драшко Димевски од Систина е за фетална ехокардиографија, а мислам се прави помеѓу 19 и 24 недела
Ивановски тера и цели бремености и само бремености води. Лазаревски исклучиво со ивф пациенти работи. И јас одам кај Ивановски.