Секако и прв ќе одам на приватно, сакам да имам сликички од бебуш Фала ептен на одговорот ќе прашам во Систина баш
Zdravo idni majki , se resiv da napram nifty pa posle samo eho pregled za prv skrinin, moze da mi kazite kaj gi praevte i sto se gledat na prv skrining?
Јас правев во МК, но не во приватните големи клиники. Срцева акција, ехо, набори на вратот, оформување на лице, дали прави движења. Останати тестови се испитување крв, NiPT aко правиш а су пишала дека ќе правиш, и не знам ако испуштив нешто.
Дали некоја од вас правела прв скрининг кај Ложанковски? Поточно кај д-р Биљана Гиговска Доколку има некој искуство да сподели би ви била благодарна
Мила за приската збориш или за скринингот во 20 недела што се прави? Др. Биле ми ја води бременоста она ми ја правеше приската беше во ред но кога ја прашав за феталниот скрининг ме препорача кај докторот да одам она не го прави тој скрининг. Јас закажав кај др. Ложанковски па здравје боже и мене ме интересира мислење од некој што бил брзо кај него на скрининг. Поздрав
Па зошто планирам неинвазивен тест да правам во 10 недела мислам дека нема потреба од приска, ама требало некој скрининг во 12 недела, па за тоа ме интересира
Здраво и од мене Дали некоја од вас правела скрининг кај др. Петрова во Ремедика? Ако може да ми кажете искуство и мислење. За две недели треба да правам прв скрининг, закажав кај неа, ама читам дека некои од вас прават два пати за да слушнат две мислења. Не знам дали да закажам и на ГАК? Таму секако бесплатно ми следува, ама дали ќе има потреба ако секако го правам приватно
За Петрова и Димчев имаш најмногу коментари овде. Имаш за читање 100 страни, најчесто имаат позитивно искуство.
Јас правев втор скрининг (во 20. недела) кај Петрова и задоволна сум. Објаснува што гледа и можеш слободно да ја прашаш што те интересира. Првиот го правев само кај матичната, и таа објаснува се што гледа и во таа фаза тоа што ми кажа ми беше сосема доволно.
Тоа е тој првиот скрининг, кој всушност е дел од приската, односно гинеколог го гледа плодот, мери нухален набор, гледа дали носната коска е формирана и слично, и тие мерки и податоци ги внесуваат во систем заедно со резултатите од крв и тие две нешта заедно ја сочинуваат приска 1. Штом ќе правиш нифти, доколку имаш доверба во матичниот гинеколог мислам дека е доволно кај него да си го направиш и тој скрининг.
Драги идни мајки, Кога се прави прв скрининг? Матичната ми закажа 13 недела но јас сакам да направам и во систина кај др. Димчев и незнам за кога да закажам? Дали пред да одам кај матичната да закажам таму или што да правам? Ве молам за совет
Прв скрининг се прави 11-13 недела. Јас би те советувала да одиш на едно место, не и кај матичната и кај Димчев бидејки сепак станува збор за зрачење. Мене матичната секогаш ме прашува последно ехо кога ми било и ако нема поминато мин 3 недели не ме гледа.