И јас бев решена дека ќе правам секако пренатален и резултатите од скринингот да се добри. Затоа јас си направив пренатален во 12та недела и скрининг во 13та недела. Правев подоцна пренатален затоа што примав клексани и да има доволно днк од бебето во крвта. Така да ако си како мене решена дека секако ќе правиш пренатален тест може да го направиш и пред скринингот. Јас немав индикации за пренатален па го направив ради возраста и да сум си мирна. Поздрав
И тогаш имав правено пренатален и додека ги чекав резултатите се случи спонтан и испадна трисомиа 18. Само тогаш таа матична не ми кажа дека има нешто сомнително туку ми викаше само ај терај ќе бидеш добра ама со пола уста некако. Бидна помина, сега имам нова матична ми вика мислам дека оваа бременост ќе биде ок ама иди направи си порано. Инаку сум со клексани од позитивен тест зошто испаднаа и некои генетски мутации кај мене
И јас сум со клексани и баш ги прашав дали нешто менува, ми викаат немаш гајле може и во 9 недела ако сакаш да правиш, ма да мене некако ми е рано
Направи си тогаш порано , извини така што искоментирав ама до сега што имам многу читано без никакви индикации како некој тренд да е да се дадат 600 евра. Ти посакувам се да е во ред и да уживаш во бременоста
Нема проблем, те сватив што сакаш да ксжеш и во право си. Повеќето ги прават за да го дознаат полот што порано зошто се немаат соочено со други последици. Дај боже сите заради полот да ги правиме овие тестови Ти благодарам
И мене ми викаа нема везе клексаните, па пак за едниот од дополнителните синдроми немало доволно днк за да се испита и тоа во 12та недела. Со лесно
Па матичната, а се јавив во Генеа лабараторија зошто решив таму да го правам и они ми викаат 9+ веќе демек ок е, може да се прави
Ложанковски ми направи прво скрининг со приска во 12та недела, па после тоа кога излезе висок ризик рече препорачува пренатален, а не пред тоа. Качи се горе кај него и прашај ја сестрата.
Трет скрининг во 32ра недела таман ли е? На претходниот преглед, докторката ми рече за 2,2ипол недели да одам пак и таман да ми направи скрининг, а тука гледам околу 30та го правеле некои
Jas pravev harmony pred eden mesec i primerokot se praka vo Germanija,, a rezultati dobivas za 3-5 dena.jas sum zadovolna!
А каде прават хармони? И овие ги праќаат во Германија, пресудно ми беше и мене времето побрзо да го добијам резултатот па ми кажаа исто макс. 5 работни дена, а и начинот на плаќање ми одговараше, на рати без картици со нив си потпишуваш договор за месечна рата без камата
Doagaat kade sto zivees i ti zemaat krv vo laboratorija. Tolku e cela rabota. Normalno pred toa si se javuvas vo harmony i si se dogovaras za plakanje i se drugo. Rezultat za 3 do 5 dena.
Они ми кажаа дека не влијае клексанот кај нив за резултати додека кај другиве да. Во Нифти баш ми рекоа колку време размак да има. Овие не ме ни прашаа дали се боцкам . Јас добив резултат за 3 дена. Во Германија праќаат и они И Хармони нудеа на 4 рати без картица само со договор. @V.N.
Фала ти Сега во други групи читам дека хармони не го правеле веќе туку некој друг. Како и да е ќе се размислам секако. Фала ти уште еднаш