Здраво на сите, правев скрининг во 20та недела на ГАК кај др. Данева.Докторката рече дека се е во ред со бебето но мене ме загрижи големината на стомачето, и претходниот пат беше една недела понапред само стомачето и сега. Дали се има на некого случено, дали имате слично искуство и што би можело да биде индикација за тоа?
Мамички , вие скоро што сте биле на втор скрининг кај д-р Елена Петрова во Ремедика ,дали само ве гледаше на абдоменално ехо или и вагинално ....во понеделник имам закажано кај неа ,па да си знам ,да се средам
Јас ќе прашав за првиот скрининг кај Петрова Па и општо за скрининзите, дали се прават вагинално или не?
@дамјана јас правев втор скрининг кај Петрова, презадоволна. Жената си е одлична, се детално разгледа и објасни. Кај мене прегледот беше и вагинално со сонда да измери цервикс затоа што јас имав индикации и скратен цервикс од претходно, напоменав и без проблем и тоа провери. @cherry89 прегледите се абдоменално но јас секогаш барав и вагинално да мерат цервикс затоа што од почеток сум си со скратен цервикс и мирувам.
Мене до сега не ми измериле , а на секој колппоскопски преглед сите д- р кај што сум била ми викаа грлото и цервиксот се оштетени при првиот пораѓај....башка сум скоро 39 ,со ин витро сум..така што не е лошо и јас да си побарам да ми измерат...фала ти во секој случај
Обавезно побарај си за мирна глава Јас и без никакви интервенции ни ништо уште на почетокот си побарав па испадна дека е скратен и скоро цела бременост сум под терапија и ја мирувам. Со лесно
И јас побарав на ГАК на вториот скрининг и ми измери докторката, иначе мислам ако не бараш дека не мерат. Башка го гледаат бебето дали е доле или горе, кај мене си е уште горе.
Јас секогаш се средувам оти неможеш да знаеш може ќе сака грло да ти измери тоа вагинално. Мене за 1от пример ме гледаа и абдоминално и вагинално за скрининг.
Како ли јас разбрав дека првиот е 5000 а другите по 4000 и 3500? Бев на прв скрининг на ГАК,гужва имаше,ништо не збореше д-р што ме гледаше, накрај кога се вратив по резз не ни беше таму за да прашам како се резз... Сестрата ми кажа кога ми ги даде дека се добри и толку... Тоа им е редовно да кутат? Во вторник кај Димчев.
Не, јас бев кај др Ана и супер пројдов, све измери и ми кажа што ме занима, ама не ги знаеме нивните мерки за да прашуваме за мерки. Прашав дали си е по термин, рече све ок, измери грло кога побарав. Битно да е се во ред, не знам што очекуваш да ти кажат. Јас кога бев пред некој месец немаше ич гужва, затоа е терминот, да си влезеш на време.
Кај мене единствена комуникација беше соблечи се,и облечи се... Ништо измеѓу, а не сум таму за да прашувам, туку да кажат 1 реченица...
Ее ќе си прашаш, ниту е срамота ниту па некој знае што те интересира. Скринингот е тоа, доктор да види дали е се ок. Па дали клиника, матичен или димчев, исто ти се фаќа. Ако има проблем, секој од овие доктори одма ќе ти каже. Зашто да плаќаме приватни кога веќе плаќаме секој месец здравствено. Па барем прегледи да ни направат. Иначе, јас за нухален бев кај матичниот, може и он да ти каже. А скринингот од ГАК е баш детален, докторот сега што бев ме праша каде сум правела скрининг и мислам дека го бараат за пораѓај.
Јас правев втор у Систина и платив 5000 , сега у вторник сум на трет мислам дека е околу 3000 третиот за првиот не знам цена.
Третиот не го сметаат за скрининг и многу доктори го наплаќаат како преглед. Јас кај Елена бев за сите скрининзи и третиот како преглед го наплати.