Сабајлево се јавив во Ремедика баш за скрининзите да прашам, овие цени ми ги кажаа: Прв скрининг - 9500 ден Втор скрининг - 4600 ден Трет скрининг - 2700 ден
За тие што правеле скрининг на гак....кое време е најдобро да се отиде со приоритетен упат, дали после 12 часот, кога ќе поминат тие со термини?....денес сестрата ми даде приоритетен зошто немало слободни термини.
Јас бев со термин, ама има двајца лекари на по 2 саата мислам и термини насекој пола саат. Јас кога бев, докторката кога ме заврши мене си отиде. Би ти рекла да одиш накај 8 па види ако некој не дојде на термин да влезеш ти.
Јас вчера завршив со вториот скрининг кај д-р Елена Петрова во Ремедика ...само пофални зборови за докторката...бебето си одговара на 20+2 ,јас сум 20+4 ...значи добро си напредува ,се е во ред...но ми кажа дека од левата страна има послаб проток и ми рече клексаните до крај да не ги прекинувам и дека постелката доаѓала пред грлото на матката ,а требало да е зад грлото ,но тоа само би влијаело на породувањето после ,не сметало на плодот....ама ете пак ќе сум си со мисла за тој проток
Кога е најдобро да се направи втор скрининг? Знам дека е од 18-22 недела ама некако размакив од 4недели долгичок, па подобро е одма или да се почека повеќе да порасне плодот?
Апдејт значи да можам секој преглед би ми бил у Систина кај Димчев! Човеков е цар ме смири толку многу што сега можам нозете у вис да ги дигнам и да уживам (but the voices ) 31+2 мрвка носам и мрвка и ќе си родам сигурно Дури ме скара за Фраксипарин што примам , кажа дека не биле многу д димерите за тие недели а у Куманово од памет ме вадат само па и за лакуните се изнасмеа што ме плашат толку .. ужас ни е здравството жени
Ист впечаток! Денес прв преглед - опуштен, стручен, прецизен.... Ни остави премногу впечаток, ни објаснуваше кај е што е, задоволен беше од прегледот а и ние насмеани заминавме...
Devojki vo koj period se zakazuva vtor skrining? Imam zakazano na Gak no sakam i kaj Dimcev da zakazam