Не имаше во групата за пренатални тестови пред година и кусур се пишуваше. Имаше и членка што имаше абортирано исто тестот со висок ризик бил од даунов за на идпитување кога бил пратен плодот да било сосема здраво и право. Теоретска шанса нема да покаже тестирање со земање примерок од крв на мајката. Друго е амнио кога веќе се зема плодова вода па да се испита тоа, затоа е и најточна метода али и ризична затоа се прави ако има индикации.
Да, амниото е поточна метода меѓутоа е инвазивна и доаѓа со ризици. Пренаталните даваат точност повеќе од 99 посто за основните испитувања за трисомии и не е баш така како што тврдиш дека немало теоретска шанса да покаже. Во мал процент на жени можеби ќе покаже висок ризик и во таков случај секогаш се препорачува да се потврди со амнио. Го памтам постот на членката и искрено скептична сум за постови од членови што ќе се појават, ќе напишат два поста и ќе ги снема. Ама еве и да било точно, истста членка не потврдила со амнио туку се одлучила на абортус.
Па искрено 750 евра да ги дадеш и уште 20 000 најмалце на приватно за амнио сигурно нема да се одлучи за тоа можеби од финансиски аспект плус и ризик. Но пак ќе кажам да се земе крв од папочна или од бебе и да се испита и да се види за аномалии да тоа ми има логика, но од мајката крв од вена да и земат и они да испитуваат малце ми е неверно искрено.
Јас бев денеска, се гледаше рачиња,ноџиња, можат и прстиња да се видат ама мене ми рекоа дека за 4 недели на следниот преглед ќе ги броиме Се гледа дали има желудник, носна коска и колкав е наборот кај вратот, без разлика што имав правено пренатален тест. Мене барем ова ми го кажаа, ако кај некои гледале нешто повеќе може да споделат.
Дали во 21 век кога медицината е отидена у свемирот, ти сакаш да дискутираме за логика и верно/неверно?! Имаше напишано МНОГУ членки дека имале висок ризик од аномалии, а родиле здрави дечиња. Или само за таа членка збориме, кај која после абортусот се утврдило дека плодот бил здрав?! Тоа е еден во милион случаи.
Под членки подразбира и луѓе надвор од форумов. И да и во 21 век ќе дискутираме бидејќи се е наметнато вештачки за луѓе да фрлаат пари за што тестот може да биде и погрешен, а некој заработил пари и плус доктор процент зема од тоа. Затоа и се скрининзите пред се прав доктор што не е зинат за пари ќе те прати на 100% сигурен резултат.
Значи сеуште тврдиш дека има многу жени кај кои пренатален тест покажал висок ризик од аномалија, а тие сепак родиле здраво и право дете, така???
Кај Петрова многу ли се чека за термин за скрининг? Дали мери и грло на скринингот или да си побарам?
Нифти при позитивен резултат покрива трошоци за амнио кај и да избере пациентот. Значи финасискиот дек не е спорен. А за ризикот веќе звучиш смешно, избрала абортус зашто амниото идело со ризик? Види, немам намера да те убедувам тебе, ама не сакам да одвратиш некоја членка што треба да прави тест со твоите небулози тука. Нема што ти да веруваш или не, во цел свет тестовите се користат и се стандард и сигурно научници и доктори испитале дали тестовите даават точен резултат или не. Она што можам да се согласам е дека доста доктори препорачуваат и на кој треба и на кој не треба да прави, нормално некои се и на процент. Ама да пишуваш дека немало теорија од крв да се испита треба да имаш сериозно школо и докази поради тебе.
Јас закажав 1 недела однапред, а за следен кога се јавив немаше термин во наредни 2 недели, зависи изгледа како ќе начекаш. Кај мене мереше цервикс јас и побарав т.е и спомнав на почетокот дека имам индикации и скратено грло и ми го измери на крај на прегледот. Така да слободно спомни и ќе измери, мн е фина. Ептен убав впечаток ми има оставено
Да звонам уште денес ако не. Приметив дека мн.долго и траат скринизите по пола саат? Прошлиот пат имаше еден немил настан пред наши очи се поместија прегледите два скрининзи имаше пред мене, окапав саат и нешто за преглед 5000ки е така?
Ги браните пренаталните како да се ваши. И јас знам случаи каде пренатален дал висок ризик а немало врска, потврдено со амнио. Пишувавме еднаш и истите членки пак тврдат дека пренатален е нешто најдобро. А факт е дека има ризик. Ниту една метода не гарантира 100%, ни ехото ни ништо. Додека не се роди бебето, или додека да прозбори не може да се биди реалната слика. Ако некој е скептик не мора да го убедувате дека пренаталните се нешто најсигурно на овој свет. И за породување во приватни така вршите притисок, а и таму работат луѓе кои прават грешки. Државните болници како кланица ги претставувате а приватните како хотел со 5*. Ако чита мајка која нема финансии а има страв тешко неа.