Јас не сум била на скрининг кај него, но сум била на прегледи, лани кај него испадна царскиот… прво имав страв што не сум била кај него, па викам млад е… еден куп работи ми поминаа низ глава… ама докторот е одличен. Само тоа можам да кажам. Посветен, смирен, можеш 101 прашање да поставиш кај него и продолжив да одам…
Feminki ima li nekoja majka da mi objasne so se slucuva so samo 2 krvni sada na papucnata vrvka 1 arterija i 1 vena ve molam
Еве ме, презадоволна од доктор Бојаџиев. Секое прашање ми го одговори, ме смири. На ехото внимателно следеше. Зборуваше и ми објаснуваше убаво. Ептен, ептен задоволна.
Баш ми е мило што си поминала супер. Значи дечкото е чиста 10 во секој поглед Јас искрено сум била кај него еднаш така се погоди он да е на смена, ама зашто бев за неубава работа несакав претходно да пишам, ма да и тогаш си ја заврши работата како што треба тип топ. Исто покажа многу човечност што ми остави впечаток и сега цело време се мислам дали да одам кај него на некој преглед, дали на некој му води бременост можеби. Се радувам за тебе и јас едвај чекам да стигнам до таа фамозна 21 недела да одам на тој скрининг
@V.N. фала ти мила. Иначе мене ова прв скрининг ми беше. 12 недела сум. Стварно стручен, ама пред се човечен. Секое прашање ми објасни, таков смирен пристап имаше. Ме насочи кои работи да пазам, бидејќи притисокот знае и на горна граница да ми е. Јави се и прашај, веројатно прави и втор скрининг. Со лесно мила.
Здраво дали знаете можеби кој доктор прегледува за скрининг оваа недела во чаир се јавив ми викаат немале распоред, а гин. Ми даде приоритетен пошто немаат слободен термин
Денес отидов за друго кај неа а ми направи и скрининг малку порано.Исто ми рече за протокот. Рече дека сум покриена со терапија да проверувам цело време почесто, ама дека можно е да е и од низок притисок што имам 80/60. Рече дека не е страшно дури бебе напредува,една недела понапред е
Важно бебушките да се добро...јас истиот ден тогаш бев и кај Јани на трансфузиологија и времињата на хемостазата беа скратени ,па така си добив пак по 2 клексана на ден...сега на 21 треба пак да одам и ќе видиме како ќе биде...оваа недела бебушка активна , а јас како подмочана цело време ...ми се чини на половина час одам во вц ,плус некоја тежина долу ниско...веројатно така треба ,бебушка си расте
И мене ми се скратени ама ми рече по еден …. Докторката рече ќе следиме , ако треба ќе вклучиме по два… ама сепак нели да не си раат…
Колку пари е прв скрининг во Систина, доколку не правиш приска кај нив? Што се разликува прв скринингот од обичен ехо преглед, ако ја изоставиш приската? Ако веќе правам скрининг на Гак дали да закажам плус скрининг во систина или само обично ехо? На два памети сум ептен,матичната ме гледа на ехо на секои 2 недели па се мислам дали воопшто има потреба да одам на додатни конторли во систина.Не е за парите, туку размислувам дали навистина има потреба од толку прегледи дополнително, или е само задоволување на психата со лажна сигурност која ја нудат приватниве клиники?И дали толку чести ехо прегледи можат да му наштетат на бебе?