Здраво, знам дека прв скрининг прават голем дел од матичните, меѓутоа ја сум секогаш да се оди на доктор, специјалист за скрининзи. Не мора на приватно, има и добри доктори на ГАК, еве пример Ливринова, а верувам има и други. Ти посакувам се најдобро.
Чести ехо прегледи не му штетат на бебе. Прв скрининг и не се гледа многу, мерат нухален набор и гледаат носна коска. И матичен може да измери. За втор скрининг Елена не би ја менувала за ниту еден доктор.
@macalavica јас правев кај матичната, без ПРИСКА. На ехо одев ептен често, ме фати еднаш на секој втор ден таа недела. Сега гледам прегледите ми се на три недели еднаш у ремедика еднаш кај матичен. Ако ти е ок матичната може кај неа да си направиш , ако не на ГАК.
Јас бев на ехо и приска на ГАК, за ехо само соблечи се и облечи се, никој не збореше а додека одам документите да заверам па да зеам рез од кај нив (сакав да прашам), немаше никој... Долго се мислев дали да одам пошто имав во Систина закажано ама матичната ме советуваше дека ништо не губам, термин имам и така појдов. Бев и кај Димчев на прв скрининг (5000 ден плативме, во јануари) кажа доволно колку да чуеме како идни родители на прво дете, одлично искуство. Чекам сега за втор кај него.
Јас на Гак бев задоволна кога правев приска и ехо, докторката ме гледаше доста време дури се здрвив лежејки. Само ми ги покажа ножињата на бебето и дека се е во ред со него тоа ми е доволно, нема потреба што друго да ми зборува, во извештајот се си пиша што требаше. Во вторник пак ќе одам па ќе видам како ќе е, се надевам се во ред.
Јас правев кај др. Кристинка . Супер е докторката професионлна и се што можеше да се види се ми кажа. И прстинањата на рацете и нозете и ги броеше многу е стручна и детална.
Помина и втор скрининг супер е се задоволна од докторката Елена Петрова инче поскапен е и во ремедика вториов скрининг 4900 платив.
Да. Инаку јас кога закажував, исто во Систина, ми рекоа после 21ва недела да биде прегледот, и така ми закажаа
И мене баш ова ме интересираше. Денес бев на преглед и по последен циклус сим 15+1, а бебе е 16+1. И јас дека цела збунета не прашав по што да се водам и кога за закажам, дали бебе кога ќе биде 21+ или ?
И јас по циклус сум 16+6, по мерки 15+6. Јас по мерки се водам. И планирам да закажам некаде околу 20+5 , таман и по циклус ќе бидам 21+5.