Мамички како сте? Мене ми се ближи времето за прв скрининг па сакав да споделите каков е првиот скрининг, што се гледа на истиот и дали правевте и приска? Исто сакам да знам дали бевте само кај матичен за прв скрининг или бевте и на друго мислење на приватно. Ако имате одено во плодност за прв скрининг дали може да ми кажете кај кој доктор и дали таму прават само скрининг или и приска?
Здраво Во петокот правев скрининг во Плодност, супер поминав околу скринингот очекувај "Мерки на бебе, ќе провери дали има носка коска, нухален набор, рачиња, ножиња, желудник, бешика... Прават и приска да. Утре сум на второ мислење-скрининг кај матичниот и брисеви и приска
Супер баш убаво ми објасни, ти благодарам. Фали можеш да ми пишеш цена за во Плодност за и за скрининг и за приска?
Мене прв скрининг проба абдоменално прво ама не биваше нешто и одма вагинално. Сега на втор сум средина на март, едвај чекам. Што точно ќе анализира?
Морфологија на органи. Се гледа се, срце, мозок, внатрешни органи, бројат прстиња, протоци на срце, на плацента (доплер).
Членката погоре поубаво ти објасни они секогаш се гледаат нормално ама за вториот знам дека најмногу на срце обрнуваат внимание