До 22 недела обично се прави, ама секако дека можеш да појдеш и во +23 не е некоја голема грешка, само не чекај повеќе, направи го најбрзо што можеш да ти се тргне од глава.
Ја имам прашано д-р Елена Петрова по што треба да се водам кога закажувам скрининг, дали по циклус или по мерки на бебе. Ми рече секогаш по циклус. Видов доста ја имаат таа дилема. За втор скрининг ми рече мајдобро 20 недела
Девојки ми се јавија сабајле да ми откажат втор скриниг закажан денеска кај Петрова ќе биде отсутна на боледување е. Ми ја предложија како единствена замена др.Афродита. Некое позитивно искуство во брзо време со докторката?
Јас се породив кај неа, иако ме водеше Петрова, јас сум презадоволна, многу пријатна а за стручноста и посветеноста немам зборови, достапна секогаш, ич не се мисли, нема да згрешиш
Ти благодарам на одговорот. Незнам колку ќе биде отсутна Петрова може подобро да се префрлам кај Афродита да ми ја води бременоста.
Абе види како и да е Петрова не породува, после 36та ќе треба да се одлучиш за друг доктор. јас почнав кај Афродита да одам од 33 та и си се беше одлично со оглед на тоа што имав доста лошо акушерско минато.
По циклус ако е неколку дена разлика и ако е редовен циклусот, ако е како кај мене со 2 недели подоцна зачнато не може по циклус да е. Друга дата ми одбра гинекологот како почетна т.е почеток на циклус, според големина на бебе.
И јас закажав кај Димчев, само кај него ке правам, не одам на друго место и решив да не правам приска.Ако недај боже му се види нешто сомнително на ехо ке направам пренатален тест. Предходните бремености 2 пати правев приска, ми излезе низок ризик ама Free beta hcg покачена, првиот пат родив здраво синче, и второто синче немаше никакви аномалии хромозомски само се роди пред време. Многу стресови преживеав ради тие 2 приски и затоа сега решив да не правам воопшто.
Во која недела ке го правиш? Јас баш заради тоа закажав порано зошто сакам нифти во 12 та да правам..
Воопшто не е касно, јас прв скрининг правев во 13+1, втор скрининг 23+1. Баш сметам дека е подобро подоцна за да може повеќе да види Димчев
Ке бидам 13+1 , мислам дека не е касно, прентален тест може и покасно да се направи, само не верувам дека ке имам протреба од пренатален.
Јас правев пренатален во 10 та со Панорама тестот. Со него може уште после 9 та недела. Мене ми иницираа да направам зошто сум ивф и несакав да чекам скрининг во 12, али и твоето си е таман. ❤️
За втор скрининг може и подоцна, ама прв е исклучиво до 13+6 поради нухалниот набор, после тоа не се мери.
Да, мислев да не се брза членката да мора во 11-та да го прави првиот, на тоа мислев Иначе за нухалниот набор,да, во право си.
Јас денес закажав за две недели ми треба термин и закажаа за кај Димчев. Пресметај си за кога ќе ти треба и 2 недели пред време јави се.