Задраво мешиња, дали знае екој дали во Прилеп некаде некој прави скрининг ? И дали скрининг на срце и обичен се два вида на скрининг ??
@MarioliMia ако бираш Петрова-Котларова сепак Петрова. Мислам Котларова скоро почна да прави скрининзи откако Петрова замина на боледување.
Здраво дечки, имам едно прашање доколку некој знае - колку време однапред се закажува кај Димчев во Систина за скрининг? Денес се јавив да закажам за втората недела од ноември и така дрско ме откачија дека распоредот не им бил готов, да се јавам во вторник. Се загрижив се надевам не е касно и да не ми кажат нема слободен термин...
Правела ли некоја од вас трет скрининг, мислам тој кардиолошки беше, кај Димчев во Систина. Мислам од 28 до 30 недела се прави ама не сум сигурна. Јас би правела и сакам уште сега да закажам за термин оти кај него е секогаш полно
па незнам може јас оти со проблеми претходно, плус и оти скоро 40 па затоа, баш читав и овој скрининг никој не го спомна
Кај Димчев. Гледаше пропорционалност на плодот, ми го гледаше и стомакот и ми го стискаше каде почнува каде завршува-незнам зошто, постелка, грло... мислам 2200 или 2100 платив.
Се прави 1 од 23 до 24 недела или втор пат од 28-30 недела ама нема потреба од два туку 1 па кога сакаш тогаш ама повеќе го препорачуваат после 24 недела т.е во текот на таа недела
Да кај кардиолог супспецијалиста педијатар кардиолог за рано откривање на аномалии на срце..Јас би рекла давај пари за без потреба убаво е да си провериш ама сепак претерано е испитувања веќе куп изпопрајвме :/
Јас правев пред една недела бев 31ва недела.И тоа е рутински преглед не е скрининг ко што кажа Ели25 ги гледа органчињата,мозочето го гледа,го мери,прави доплер на папочна врвца а доплер на моите артерии не ми направи немало потреба кога бебето се развивало без застој.И плус дека сум со Клексани ми рече нема потреба. Платив 2300ден.
Gledam su dobila razlicni odgovori sto ke te zbunat, Tret skrining i skrining na srce se dva razlicni skrininzi. Ovoj tretiot e ona sto ti go pisala eli25. A onoj za srce odnosno FEK e kako snow white sto ti pisala vo tie nedeli. Dva se, no jas odam samo na prviot.
Здраво мешиња...матичната ми закажа скриниг за на 4 ти Декември во државна во Скопје. Искуства од таму? Дали да одам или не? И што се се гледа при прегледот. инаку ова ми е прв скрининг. Поздрав
Зависи кај кого ти закажале . Прв скрининг е 12 недела , многу е важен за бебето. Јас правев кај др. Самарџиски и сум презадоволна
Јас бев. Измери што требаше да измери (носна коска, нухална туба) и тоа траеше не повеќе од 5 минути. После се симнав во лабараторија за Приска. И секако, уште пред тоа си имав закажано кај Димчев. Па си бев и таму, само за скрининг.