Јас закажав во 21 недела кај Котларова Ремедика. Бев на првиот скрининг кај неа ептен ме бендиса многу фина докторка и се објаснува и обрнува внимание ❤️
Бев кај Димчев во Систина, 5300 беше пред еден месец. 22ра недела бев, така ми предложија во Систина.
Закажав трет скрининг 30+4 ќе бидам, сега гинекологот ми пишал рано е во 32ра направи го А гледам со син ми Димчев ми пишал во 28ма да го направам а јас во 29та сум го правела. Е сеа овој ме предомислува
Секако наредниот месец ќе одиш пак на преглед. На сите прегледи гледаат тоа што гледаат на тој трет скрининг. Таман е според мене.
Девојки, како е на ГАК со термини за втор скрининг, се наоѓаат доктори или мора со "врски" да е се? И како сте задоволни ако бил некој таму и од кој доктор
Можеш со врски секако, а за со без врски прати си на мој термин кога ќе се пуштат термини и со матичниот можеш да провериш во кои термини е кој доктор. Јас и покрај можност за врски сама си средив со термин, не сакав да одам на слепо без упат или со приоритетен. И си завршив фино културно работа сама.
Јас одам кај Афродита она ми рече кога ќе закажувам како преглед да закажам не како скриниг. Пак ќе те гледаат детално а ќе платиш 2000 плус.
И јас го закажав како скрининг ми наплатија како обичен преглед. Мислам дека третиот скрининг во Ремедика на сите го наплаќаат како обичен преглед.