Здраво феминки, Денес правев прв скренинг, но без приска. Ова се резултатите според големина на плодот сум 12+4 CRL 51,4 mm NT 1,2 mm BPD 17,1 mm Носна коска 4,0 mm Дали се воред резултатите?
Мамиички, се ближи времето за втор скрининг, дали може да ми кажете колку трае прегледот, што најмногу гледаат на истиот, ме фаќа паника . Закажав кај матичната и кај Димчев во Систина за наредната недела.
Јас денес бев, од паника цел ден со тахикардија сум. Ги гледаше сите органи по ред, почна од стапала, мереше коски на нозете, па нагоре бешика, полот уште еднаш ми потврди. После нагоре желудник, срце, рбетот, рацете, на крај главата мерење и мозокот. Морфологија на органи е воглавно цел преглед, дали се развиени ко што треба и дали одговараат горе- долу на неделите. Го гледавме и лицето, само е надолу моето не се гледа убаво, во профил само. Исто виде и плодова дали има доволно и плацентата. Не ми мереше само цервикс, можно е да ти мерат во Систина. Јас се мислам дали да закажам и во Плодност за наредна недела, или да не поминувам пак низ стресот, ептен ме фаќаат паники од прегледите. Се надевам се ќе е во ред кај сите, само да си растат здрави, прави.
Ти благодарам мила на одговорот, баш ми е мило што се е во ред со бебчето Инаку за стресови не зборувај... пред секој скрининг/преглед сум така ама дека овој е најбитен некако најмногу паника ме фаќа. Јас си закажав прво кај матичната ама таа ми предложи и за кај некој друг доктор, да слушнам и друго мислење и затоа закажав одма утредента во Систина да одам, така да сега наредната недела прво сум кај неа па после кај Димчев. Штом се е во ред уживај си и опушти се @Cloverrrr Милаа ќе биде се во ред, знам дека си како мене паничарка ама нема лек за тоа, такви сме си Ве гушкам и двете
@Erika.greeneyes кај матичен во Бт. За првото правев кај него, па во Плодност по неколку дена, ама секогаш исто ми кажуваа, па се мислам дали да одам сега или доволно е само кај него.
Devojki zdravo, jas probuvam da zakazam kaj Dimcev skrining no nema raspored za od 9ti maj pa vo slucaj nekoj ako se javi,i mu zakazat neka pise tuka odma da se javime nie so cekame fala
Јави се во петок да видиш дали има распоред, ако не прашај си ќе ти кажат кога би го добиле. Јас така се убив од вртење и некако од понеделник за следниот понеделник вторник закажав. Сега понеделник е неработен така да врти си во петок и види што ќе ти кажат
Вториот скрининг на која недела го правевте или ќе го правите? Кога е најубаво да си закажам? 23 недела сум скоро.