Женски јас направив втор скрининг кај матичната и кај Димчев во Систина, супер поминав, мојот дечко е супер, сите оргначиња ги гледавме посебно, броевме прстиња на раце и малку потешко на нозе , протоци, срце, постелка, рбет, мозоче. Се е во ред и на крај цервикс ми мереше ми рече 36мм и ми кажа да не пешачам многу дека јас пешачам често после работа и тоа подолга релација сега ми рече само да ја скратам да не си направам проблем. Сега следно треба скриен шеќер да испитам па на контрола после 3-4 недели.
Јас вчера бев на преглед 18та сум. Рече рано било за скрининг во 18та, од 20та се прави. Валда зашто не сум во мк, тука е различно не знам
И мене матичната (во МК сум јас) ми рече од 20 до 24 кога сакам, направив во 21 гн, знам дека не ти се чека и јас едвај издржав толку време последен преглед пред скрининг ми беше во 16-17 недела па можеш да замислиш колку бев нетрпелива
Здраво. Да пријавам дека направив прв скрининг кај Димчев, заради добрите коментари за докторот што ги видов на групава. Докторот фантастичен, бебе добро напредува. Инаку на Велигден прокрварев, сега сум на угрогестан и магнезиум. Давам препорака за докторот, кој може да си оди и се што е нејасно да праша. Се ми објасни и се ми одговори.
Истооо Требаше следен преглед да ми биде скринингот, ама не издржав и закажав порано. Да има како би си купила едно ехо дома, да си го гледам секој ден
Imashe, bas skoro gledav da si zemesh za doma edno aparatce da go gledas ama doktorkata mi rece deka bilo shtetno i ne zemavme
Го гледав и јас на амазон, ама се воздржувам за сега. Недај боже да видам нешто што не треба, ќе треба секој ден да ја замарам докторката
Колку време ве гледаше докторот на вториот скрининг? Мене како за две на првиот мислам многу малку време ми посвети. Сега сакам повеќе на вториот.
Здраво феминки, вие што бевте на втор скренинг кај Димчев во кој ден од неделата го направивте? И кога е најдобро да се направи кога ќе сум 20+0 или 21+0 недела?
Ги виде сите органи во тие 10 минути, мереше пред мене и ми објаснуваше, ама сепак се одлучив и за второ мислење, за подетално. Е овде на приватно на пример се задржа повеќе на мозокот сите делови внатре ги измери, срцето протоци виде, бубрезите подетално ги гледаше, на 4д подолго лицето го анализираше дали се очи, нос, уста во ред, а кај него така површно видовме, плус се криеше. А оваа докторка со ехото го стегна малку за да ги тргне рацете од лице Кај тебе со две и подолго ќе гледаат
Како ќе го гледаат едното нон стоп стуткано со тупаници пред очи. Цело време така. Го стискаше матичниот ехото на стомак да се мрдне малце и само рачето го отвори и одма го затвори и толку. Другото е раширено и активно нон стоп за него одма гледаме се. Ајде одвај чекам, уште 5 дена
@AugusTina! И ние до сега немавме лице видено, ама запна докторката ај може ќе се покажат двете сега, душички
Здраво феминки вчера бев на прв скрининг. Се беше во ред се виде и носна коска освен што докторката потенцираше дека нухалната транслоценција е 2,29. Вели дека е во граница на нормала ама дека моето отстапува од повеќето трудници кај кои обично било околу 1. Бидејќи не сум мирна закажав нифти. Колку изнесуваше нухалната траслоценција кај вашето бебе?
Здраво. Денес бев со приоритен за скрининг во Чаир на шалтер ми рекоа дека нема да ме примат и да се вратам да ми дадат термин или на друго место да одам, и на клиника е се зафатено и во Чаир. Ги прашав кога може да ме примат кренаа рамена само. Дали некоја друга се има најдено во оваа ситуација? Не знам што да правам.
Здраво, 29 недели сум, бев денес на преглед и ми кажаа дека почнало да се создава калцификат на постелката. Не сум пушач, ниту пак имам висок притисок... има ли некој слично искуство?