Јас го правев на клиника,мерат нухален набор (сето тоа трае 2-3мин),ти земаат крв од вена тоа се вика приска и тоа е тоа.За не цели 40мин си готова.Резултати стигаат кај матичен гинеколог за околу 10 дена.
Да ве прашам нешто Сега има во Филип || отворено гинеколошка ординација , а наскоро и породилно . Дали некој од вас има идено тамо на скрининг и која е цената ?
Девојки, мене докторката ми кажа да закажам втор скрининг во 20та недела кај Димчев и се погоди баш да има термин на првиот ден од мојата 20та недела. Е сега читам тука дека можеби е прерано па ве молам советувајте дали да презакажувам за неделата после тоа или некој правел олку рано?
Одложено, за сигурно ти благодарам на препораката! Само ќе може ли да ми кажеш дали има и вагинален преглед на скринингот, за да знам да се средам
Не е , абдоминално е. Ептен ако има потреба ќе сака вагинално да те види. Ако бебе има фатено некоја лоша положба. Ама тоа ептен во искличителни ситуации.
@Anicka30 мене ме гледаше вагинално, зашто од стомак ништо не се гледаше. Поназад ми беше наместено. И прв и втор скрининг. Сеа е големо, и од напред се гледа.
Јас не знам кај е малата па ќе се стокмам за секој случај, ти благодарам што пиша сепак да бидам подготвена
Која недела е нај убаво да закажам скрининг 2 ? И колку унапред да закажам во државна за истиот ? Сакам две мислења за тој скрининг , ќе правам еднаш кај матичната и уште еднаш на ГАК..
Јас 22ра правев со упут од матична Кај Ливринова, жената е срце се убаво ми обрна внимание.Јас сакав плус и на приватно,ама немаше потреба, се ми кажа
Здраво на сите, бев на скрининг во 22ра недела кај Самарџиски, прво ме гледаа практиканти и си реков зошто не си закажав кај Димчев, но потоа докторот си измери се и задоволна сум и од односот и од прегледот, а прегледот траеше околу 25 минути само не ми даде слика од бебушот
Правев кај матичниот прв скрининг денес мерките беа супер, доктор ми рече да не се секирам. Е сега, и во Систина во вторникот бев, мерките беа супер, на ехо 1.8 и 1.9 беше нухално за бебињата, ама едното се сврте и истегна чудно и тогаш 2.4 се направи (номално е да е поголемо во таа положба) и веднаш спомнаа ако треба и амниоцинтеза ќе правиме и се изнервирав доста најискрено, некако како во брзање ехо ми правеше. Од друга страна кај матичниот 15-20 минути ме гледше, нухалните беа 1.3 и 1.4 по два пати мереше (како е можно толкави разлики со Систина не ми е јасно ама ај). Ме прати и Приска да правам, ми рече да не се потресувам немало потреба за амнио немам никакви индикации за тоа моментално.
Се прават грешки при мерење , и да идеш кај 10 гинеколози ретко ако 2 - ца се погодат да измерат исто , чим не е над 5 мм супер е не се секирај ќе видиш и приската супер ќе си биде .
Девојки, едно прашање. Третиот скрининг кога ќе се направи, ако се воспостави дека сѐ е во ред со плодот и нема никакви аномалии, значи ли тогаш дека до крај се ќе биде во ред од тој аспект или и покасно може да се појави аномалија?
Не си ја труј душичката со вакви мисли. Верувај дека и нешто најмало ќе го видат,сега стварно секој детаљ го гледаат секое ковче и нема место за паника. Неможе да се види само некое генетско заболување ама да не мислиме на такви работи. Од мене совет имаш вакви работи нени помислувај. Мене вакви мисли со лошо ми се враќаат зато уживај во бременоста и се ќе биде во ред.