За прв скрининг според мене не е толку битен докторот, подобро да си направиш Нифти или некој од другите пренатални тестови кои што се точни за аномалии и да си бидеш мирна Кај димчев околу 21-22 недела е скринингот. Обично 2 недели унапред вадат распоред и најдобро е тогаш да се закаже зошто брзо се пополнуваат термините. Најдобро јави се,ќе ти кажат по тел.
Се мислам и за Нифти за да не правам амнио, плус сум РХ негатив да избегнам ризик од амнио, имам многу мачнини со повраќање и сакам да знам дали е со бебето се ок, прашав во Систина има термини кај Димчев 28, 29 Јуни и 1 Јули, тогаш би била 12 недела полна дали е ок
Вие што бевте на втор скрининг кај Димчев како минавте? Мене едвај два збора ми кажа. Прашувам добро ли е Ми вика ок е и толку беше од скрнингот. Се мислам да правам на друго место ама никаде немам закажано.
Во првата бременост кога правев втор скрининг кај него исто беше ќутлив и тоа траеше 5 мин. Но, доволно ми беше неговото ОК. Ако имало нешто ќе ти кажел. Биди си спокојна.
А што има врска ако си рх негатив со амнио и пренатални тестови? Исто и повраќањето, не е никаква индикација дека со бебето нешто не е во ред, напротив, многу нормална појава во бременоста е.
Благодарам Зошто сепак важен скрининг е. Излегов со сто прашалници во глава. Не знаев што да мислам. Мислев за секој орган одделно ќе ми објаснува.
Јас кога бев се погоди студент да има така да супер објасни се. Мислам да можеше да ги вади орган по орган и да објаснува и тоа ќе го направеше. Така се погоди. Ние едвај го чекаме тој скрининг и очекуваме чуда да ни кажат, а за нив тоа е само работна обврска и им е преку глава што не го оправдувам. За таа пара што се плаќа заслужуваме сите максимално внимание и посветеност, така да следен пат кога ќе одиш на преглед било каде оди си со список на прашања (јас така одам) Како и да е, ако недај Боже имало нешто што не треба ќе ти кажел. Он си видел дека е се ок.
Да ама сепак и Ремедика и Систина не плаќаме баш малку, и очекуваш да ти објасни се. Па и матичниот повеќе ме гледа. Јас немам искуство со докторот. Ама слушав и вакви коментари за него дека не зборува многу и затоа се предомислив и не заминав кај него. Не можам да предвидам дали денес не му е денот и нема да зборува. Сепак во право си кога гледаш не зборува со списокот и прашај си се
Овој скрининг помина и цела сум во прашалници. Не знам што да мислам. Немам закажано на друго место. Се мислам да закажам некаде.
Јас сум била во Ремедика кај Афродита и кај Симонида. Двете докторки ги гледаа детално органите и ми објаснуваа се.
Јас, кај Ана Данева. Гледаше жената се убаво, ама нешто баш баш детално да ми кажа не. Рече дека е се во ред.
Па треба порано да се јавиш во Ремедика обично на 15ти за да одбереш датум ти кога сакаш. После тоа кај Симонида нема шанси да најдеш термин а кај Афродита може да најдеш слободни термини ама зависи дали ќе ти одговараат.