Јас правев на Гак кај Самарџиски, 2 пати ме гледаше еднаш 20та недела еднаш 22ра само срцето. Со упат од матична бев, супер завршив работа задоволна сум. Исто бев и кај Димчев во Систина и ништо посебно не ми кажа и не ми објаснуваше, скоро како државна пројдов а не е ефтино баш. Кај Димчев за 4д највеќе закажав ама не излегоа баш слики заради бебето што не беше наместено добро.
Според мене доволно е неговото ок. Значи тој се гледа, иако не ти кажувал во детали. За првото така беше, бев кај него, гледаше и на крај ми рече ок е се. Го потпрашав нешто и ми одговори. Лани кога имаше проблем, тој прв забележа. И покрај различните мислења, остана на тоа дека нешто не е во ред. Така да, од мое искуство, мислам дека е најважно тој да види, и дај боже да каже е добро. Инаку до сега секогаш ми одговарал на прашања.
За амнио има врска Рх факторот ќе треба да примам Рогам инекција, а сепак е инвазивна метода ,затоа и мислам да направам пренатален тест
Не, нема врска, еве јас сум А негатив, родив пред 5 месеци. Се прави Кумбсов тест кој е само земање крв од вена, а не амнио или пренатален. Детето од Рх факторот не може да има никакви аномалии, не знам од каде ти е информацијата.
Да веќе имам едно дете знам, но заради возраста имам препорака за пренатален тест или амнио, брв во дилема што да правам но најверојатно ќе биде пренатален тест, ако тестот покаже нешто тогаш амнио, а после амнио мора Рогам да се прима тоа е сигурно
Види, правела не правела амнио, Рогам се прима секако во 28ма ако Кумбсовиот тест е негативен, по пораѓај ако бебето е рх+ се прима уште еднаш. Значи, нема врска ова со тестовите за аномалии.
Веќе ти кажав го знам веќе тоа имам едно дете, примено рогам во 28 недела и после пораѓај бидејќи бебе е Рх позитив, не реков дека Рх факторот има врска со аномалии, за друго јас зборувам за рогам после амнио веднаш се прима
@ana_mila Доколку си финансиски во можност, препорачувам да направиш НИПТ поради возраста. Мој совет е никако амнио без дополнителна индикација, докторите имаат обврска да го препорачаат кај пациентки над 35, бидејќи е докажано дека трисомиите и моносомиите во оваа старостна група се јавуваат во поголем процент. И да, е дефинивна дијагностичка метода, но си носи одредени ризици, што со пренаталниот тест комплетно се заобиколуваат. Јас сум на иста возраст како тебе, трудна со ИВФ, по препорака на мојот доктор го правев Панорама на Натера раширениот пакет во неполна десетта недела од бременоста зашто единствено овој тест од сите пренатални ја изолира ДНА на фетусот од ДНА на мајката и може да се прави во ептен рана бременост. Во однос на амниоцентеза, коментарот на докторот беше: „само преку мене мртов ќе правиш амнио без индикација“. Плукав крв и се мачев со години додека да дојдам до оваа бременост, така што не сакав да ризикувам ни под разно, стиснав заби и дадов 600 еур за НИПТ. Распрашај се, голем број од лабораториите дозволуваат плаќање на рати. Доколку Панорама кај мене не дај боже покажеше лош резултат, секако ќе одев и на кариотипизација бидејќи само така може дефинитвно да се утврди, во спротивно од старт реков дека нема шанси да правам. Мерење на нухална транслуценција (прв скрининг) имав во 12+6 со веќе добиени резултати од пренаталниот и многу помирна отидов на скринингот. Инаку скрининг методата е со отприлика 75% на точност, додека пренаталниот оди до 99%, во зависност од испитуваните аномалии.
Здраво на сите, бидејќи нема термин на државно за втор скрининг треба да одам на приватно. Би сакала да знам мислење за некој од докторите во Ремедика кои прават скрининг, не знам никој од таму и од Санте плус ако има некој искуство би било супер да сподели. Поздрав!
Јас можам да ти дадам препорака за Елена Петрова во Ремедика, и Симонида Котларова, презадоволна сум. Го фалат и Димчев, ама јас лично не сум задоволна, ај што малку зборува па и не виде тоа што требаше да види.
Исто не ми е јасно како може термин да нема, и јас треба да правам крај на Јули, нема ни за ГАК ни за во Чаир, ова не е нормално. А ако некој нема 5000 да плати? Безобразни
Искрено, јас кога станува збор за скрининг, сметам дека не треба да ми прави матичниот, туку баш доктор кој прави скрининзи. Со првото, на пример, одев во Систина, и за првиот скрининг, Палчевски сам ми кажа да закажам кај Димчев, бидејќи тој прави скрининг. Во однос на цената, ме сум сигурна, мислам дека горе доле тука се, ама најдобро е некоја членка што правела прв скрининг во Ремедика да ти каже. Или пак да се јавиш да прашеш. Иначе јас правев само скрининг во Систина, не и приска.
Прв скрининг може и матичен, јас за секој случај освен кај матичен правев и кај Данева на ГАК, а правев и Нифти за да имам комплетна слика. За разлика од првиот, вториот скрининг се прави исклучиво кај специјалист што прави скрининзи.