Не одеше дополнително на приватно па за скрининг прв? Така ми рече и она дека па ќе ме прегледаат на гак
Задоволна беше од Самарџиски? Јас сакав многу кај него за првиов скрининг, ама нема термини. Јас не знам како може термин ни за ГАК ни за во Чаир да се нема, со сила да те тераат на приватно да идеш
Јас пред една недела бев во Чаир бидејки ќе се породам таму и сакам да ви ја кажам ситуацијата што ја видов. Скриниг прават во амбуланта 1 и амбуланта 2. Јас бев вторник во амбуланта 1 беше Ана Марија Шпишиќ чекав за обично ехо а пред мене имаше 3 или 4 девојки за скриниг кои не ги прими а имаа упат. Има навистина многу гужва и докторка а искочи и почна да вика "матичните знаат дека не се закажува за тука скриниг и пак закажуваат, немам време за сите да ве видам". Само една девојка влезе таа што беше пред мене. Муабетот ми е пред да отидете во Чаир за скриниг распрашајте се кај матичниве кој доктор и која амбуланта може да се направи скриниг, за да не губите термин и време дополнително.
Јас колку што знам, има одредени амбуланти за скрининг, за комисија, за не знам си што.. затоа и мене кога сакаше матичната за др амбуланта да ми закаже ми рече : Џабе за тука ќе ти закажувам, оваа амбуланта не е за скрининг и може да те вратат или да не може да се реализира упатот. Ако добро се сеќавам амбуланта 28 беше за скрининг на ГАК а до неа и лабораторијата за приска. Доколку на упатот ви пишува приска и ехо, значи во точната амбуланта ќе ве упатат од шалтер
Прв скрининг ти е всушност ехо со мерки од бебето и крв односно што го викаат приска. Мене матичниот ми го направи ехото даде мерки и со тие мерки бев во државна и таму само крв ми земаа. Не мора да одиш приватно. Вториот скрининг е побитен и подетално се гледа ако си во можност тој направиго приватно. Лесна бременост
Сите скрининзи и во државно и во приватно се прават на 2Д. 3Д и 4Д пуштаат за да се види лицето, за слики, за полот ко ќе не е сигурно и евентуално за броење прсти ама и на 2Д се бројат. Инаку мерките во 2Д се мерат.
Кога се закажуваше првиот скрининг? Имам се заборавено, а и мислам поарно е порано да закажам така? Да не немам термин после. Би одела кај Елена Петрова или Симонида Котларова
Првиот се прави од 11 до 13+6. Ремедика обично пуштаат термини на 15ти за следниот месец, а кај овие докторки веднаш се пополнуваат. Сега ако ѕвониш можно е да нема веќе за месецов.
Знам дека веднаш се пополнуваат ама ми е рано за месецов, од средина август би ми требало, на 16ти август би била полна 11та, затоа се мислам кога да закажам, да не останам без термин. На преглед регулар ќе бидам на 19ти јули, би требало за еден месец од тогаш да има термини?
Ѕвони на 15ти јуни за да си одбереш датум за после 16ти август. Ако чекаш до 19ти може и да се пополнат, до толку знае некогаш да е брзо.
Здраво, кога се прави 2 скрининг која недела точно и на приватно колку однапред треба да се закаже планирам во Ремедика