Во 21 недела веќе може да закажуваш.Јас треба да одам на втор скрининг после 13 јули еве веќе се е закажано до 15 јули,чекам да отворат нов распоред да закажам.Закажувај порано.Јас закажувам во Систина
Кога ти рекоа да се јавиш за да закажеш по 15.07.? Вртам неколку пати, ми викаат нема распоред за од 18.07.
Ми рекоа да се јавам после петок,сеуште немаат распоред.Тогаш им излегува новиот распоред.Ова прв пат ми се случува да нема место а да се јавувам прилично рано,претходно сум се јавувала да закажам пред 1-2 дена.
Имам едно прашање.Имам закажано на ГАК ЗА 2 скрининг.До сега немам одено.На Упатот пишува и време.Искуство дали се чека мноогу? Секако напоредно ја следам бременоста и во Систина,но дека е 2 скрининг и мислам дека е доста битен би сакала да го искористам и упатот од матичната.Има ли некој искуство од ГАК?
Јас бев на Гак, во 28ца амбуланта не чекав скоро ич, многу е организирано за чудо во државна болница.
Јас одев за прв скрининг на ГАК кај Данева и многу бев задоволна. И за втор скрининг ќе одам кај неа, многу е темелна и навистина посветува внимание а и убаво ми објаснуваше. Ептен убав впечаток остава.
Се чека многу ? имaм закажано во 13часот дали да одам порано така прочитав дека до 12 зимале крв за приската со првиот скрининг? Или да си одам за во 13часот
Не знам да ти кажам до колку земаат крв. Нормално прво треба ехо па после крв земаат. Јас искрено не чекав, сè си одеше како треба. Ако ти е мисла оди си порано и прашај си.
Што опфаќа првиот скрининг? Матичната ми спомна за брисеви во 12та недела. Дали истиот се прави кај неа или можам на друго место? Колку чини по приватниве, Систина/Ремедика?
Првиот скрининг е всушност ехо на кој мерат нухален набор на бебе и тоа покажува дали постои ризик за Даунов или не и плус Приска што е само чиста статистика. Ако сакаш со поголема сигурност да испиташ ризик од синдроми тогаш си правиш пренатален тест. Брисеви нема потреба на приватно да правиш ама ако сакаш можеш, околу 2300-2500 се движат цените во Авицена/Синлаб, а во клиниките не знам.
Ако матичната твоја прави направи го кај неа, и со тие мерки ќе одиш на гак таму крв ќе ти земат за приска. Јас кога правев ова, ги направив и брисевите и ТОРЧ се одеднаш.
За прв скрининг, ако не планираш да правиш пренатален, сепак би правела кај некој што е специјализиран за тоа. Можеш Систина/Ремедика/ГАК ти можеш да си одлучиш каде ќе закажеш.
Здраво. Сакам да правам втор скрининг во систина .Ми кажаа се прави од 18 до 22 недела . Е сега дали некој знае кој е идеален период за скрининг измеѓу овие 4 недели. Дали е рано да правам во 18 недела?
Мене ми рекоа дека идеално е 21-22 недела. Сепак бебето треба да е со поголемка килажа за убаво да се гледаат органите.
Тест за вирусни инфекции. Гледам многу од членките го правеле, мене матичната ми рече дека индикација за торч било ако плодот заостанува. Кај мене се беше во ред и немаше потреба да го правам.
Знам дека крв само земаат. Ама матичната рече дека немало потреба бидејќи немало индикации кај мене па ја послушав