На кој телефон ѕвоните во Систина за закажување за скрининг. Не можам да се снајдам баш на нивната страна.
Мене Симонида и на првиот скрининг во 12та недела ми мереше рачиња,ножиња,срце гледаше ,мозоче итн. Вториот ми рече идеално околу 21 ва недела
Здраво на сите, ќе ве замолам за препорака за доктор на ГАК за втор скрининг. Читав тука за Данева и Самарџиски, но сепак би сакала да слушнам лични препораки Ќе правам и кај матичен ама би сакала и на ГАК поради историја. Ви благодарам
Во претходната бременост матичниот ми го направи вториот скрининг кај што се откри сериозна аномалија. Сакам да кажам стручен е и за скрининзи докторот и сепак би отишла повторно прво кај него. Но поради претрпената траума сакам и на ГАК навреме да си закажам. Ти благодарам на препораката
Може да прави. Ако има лиценца. И мојов може да прави скрининзи. Ама бидејќи има премногу пациенти сам ми кажуваше не можам уште скрининзи да правам. А и добро е вика и второ мислење да слушнете.
Женски правевте трет скрининг? Мене матичната ми рече до 32 недела да сме го направеле овој скрининг па сакав да ве прашам на што точно обрнуваат внимание на истиот? Инаку мојата матична има ПЗУ и ми рече дека овој скрининг чини 700 денари. Колку ви наплаќаат вас?
Ништо, обичен преглед. Мерење на бебе, протоци, плодова, ако има индикација и цервикс мерат. Мене исто ко обичен преглед ми го наплати.