Абдоменално е, може само докторот да побара да ти го измери грлото на матката при прегледот а тоа се прави вагинално. Биди си спремна секако.
Дали ми е рано уште сега да закажам втор скрининг за кај Димчев? Би му дошло негде крај на Ноември. Страв ми е да не нема место.
Јас кога закажував две недели унапред ми рекоа, после треба малку да си досадна иначе брзо се пополнува се кај него
Не се секирај, ќе најдеш термин. Јас од истата причина ѕвонев еден месец пред планираното одење кај него, од Систина одма ме откачија и ми рекоа да се јавам повторно за две недели, кога ќе имаат распоред на доктори, така што и да имаат воља да ти закажат порано, не можат додека не добијат распоред. Се јавив на датумот на кој ми рекоа да се јавам и одма ми најдоа термин што ми одговора.
Пример мене ми требаше почеток на Август, вртев 2 3 август така нешто, ми викаа рано е јави се за 2 дена, и така се бркавме 4 5 дена на крај закажав мада океј тогаш и одмори беа гужва. За ноември не би било проблем ако ти е за средина јави се почеток на ноември и закажи си раат да си
За Димчев термини има за 2 наредни недели, обично во петок нов распоред, поретко во понеделник. Три недели пред тогаш кога сакаш да идеш врти и ќе ти кажат кога да се прејавиш пак.