Јас водам бременост во систина ама сакав и првиот кај димчев и кај него платив 6000 исто и за вториот, а ако за првиот одите кај тој што ве води ќе ви наплатат како обично ехо 3800
Мила и за првиот и за вториот скрининг платив 6000 ,а обичен преглед 3800,инаку таму си ја водам бременоста.
Не знам зошто толку за прв ти имаат наплатено кај Корнелија, мене него ми го наплатија како обичен преглед. Како и да е, нека биде се во ред, пари се печалат.
И мене првиот скрининг ми го наплатија 3800, мислев да не е грешка. А можеби има врска и докторот како ќе го пише во систем. На толку пари што ги даваме, фино што им текнува да не поштедат кога може. За втор скрининг закажав кај Димчев, засега се беше во ред ама додека не потврди он нема да сум комплетно мирна. Кој ќе чека уште 3 недели
Не знам како ги одредуваат цените. Ама во извештајот си беше објаснето се, а го даваат нели тие напред. Јас на мојава докторка сум и пациентка од поодамна уште пред бременост, може и тоа има врска не знам. И јас со душа го чекам вториот скриниг, за 5 дена сум и секој ден таму ми е паметот.
Devojki ve molam za info i sovet. Denes bev na kontrola kaj maticniot i za skrining mi spomna nifti i priska mislam. Ednoto mi rece deka e 4 000 den. a drugoto 600 evra. Toa od 4 000 ne bilo 100% tocno. Ve molam za sovet.
Нифти е пренатален неинвазивен тест и кошта околу 600-700 евра. Се прави преку испитување на крв од мајката и открива евентуални хромозомски дефекти кај плодот. Скрининг е преглед кој се прави три пати во бременоста, прво второ и трето тромесечие. Преку вагинално/абдоменално ехо се прегледува детално плодот, состојбата на матката, грлото, постелката, плодовата вода итн.
Од скрининг немам, ама можеш да читаш во темата породување во приватна болница и јасно ќе ти стане сѐ.
Прават ама овие се као нај нај... Јас цела бременост ја водев кај др.Панчевски и тој ми ги правеше скрининзите
Јас бев сега кај др.Димчев првпат и сум мн.задоволна.Имаше многу убав однос,мн. внимателен,објасни се,се ми покажуваше од раче,нога,срце,мозок,органите ,се нашали,направи муабет.Не очекував мислев ќе биде набрзина без мн мн муабет ама напротив баш ме опушти.Со првото имам искуство кај др.Петрова,прекрасна жена и професионалец.
Здраво девојки. На вториот скрининг докторката ми рече дека стомачето на бебето е поголемо, и демек не е страшно, но ме упати да направам скриен шеќер и испитувања за тироидната. Според резултатите немам скриен шеќер, па сум загрижена од што може да е вака. Да не имал некој слична ситуација?
Здраво, предложете доктор за скрининг освен во Ремедика и Систина? Бев во Ремедика но ми треба и второ мислење