Маж ми не го пуштија,на 14ти бев месецов.Си дремеше надвор и тој и други мажи,има двајца на врата и враќаат назад.На другарка исто на втор скрининг не го пуштија и со прашање молба дали може,не.Пробај замоли ги,ама не ми се верува.
Јас бев пред 7-8 дена за втор скриниг и не го пуштија и маж ми. Мажи не пуштаа, дури ни во холот, сите надвор чекаа. Еден човек праша може ли барем до тоалет да отидам, не му дадоа го пратија во соседната зграда обезбедувањето.
Да, не пуштаат ни да се влезе во холот. Со молба на обезбедување маж ми влезе на 2 минути зошто ми се слоши и правец надвор. Татковци со букети исто надвор чекаа додека пак жени со поклони и кеси можеа да влезат. Ако имаш врски можеби пробај.
Земи си упат за на Гак,ако нема термин земи приоритетен,ќе почекаш ама ќе завршиш работа,од 11 до 13 недела.
Земи приоритетен, јас така бев ама се изначекав 2 саата, и ми пререкоа зошто матичниот не ми ги земал мерките, ако биле земени од кај него само на боцкање ќе сум одела а тоа одма се завршува
Девојчиња бремена сум со второ дете, правев прв скрининг кај Димчев во 12гн, на кој ми рече дека е бебето ок и дека според него е машко. Дали на некоја од Вас и има утнато пол во така рана недела? Ме копка зошто имав чувство дека е девојче....
Во 12 недела исто само што почна со скрининг рече девојче е ова нели? ние му потврдивме веќе знаевме од нифти така да верувам дека 99% е точно.
Кај мене рече дека е 99% е девојче, ама остава 1 % дека згрешил, ама сам си кажа дека после толку години работа ретко грешел.
жени на втор скрининг сум за еден месец. сакам во ремедика да го правам. сакам да ве прашам пред колку време да се јавам за да закажам?
За кај сите доктори треба на 15ти? Јас мислев кај Афродита да закажам за 2-3 Февруари, не знам дали да ѕвонам сега во понеделник.
И мене исто др.Надица пред две недели кога ме виде на ехо ми рече дека 99% е машко,иако бев 12 недела.
Дали сите имате испитано скриен шеќер? Јас во првата бременост не испитував такво нешто туку само шеќер ми проверуваат преку крв, без пиење на тие шербети што имам слушано...?
Jas so prvata bremenost da, sega mi nemat uste kazano da ispitam i iskreno se nadevam deka nema . Najgrdo ispituvanje vo cela bremenost mi bese toa
Грдо е ама е многу важно испитување. Обавезно советувај се со докторот што ти ја води бременоста дали да го направиш.
Инаку многу се извинувам, сега видов дека во погрешна тема сум го поставила прашањето. Мислев дека сум во тема бременост и затоа напишав, а сега гледам во скрининг сум пишала.