Некоја кај коруновску прв скрининг цена да каже? Малце ми се бош со дигање на тел а не сум во можност дирекно да отидам... апаратурата ок им е? 4д ? И за второ мислење за секој случај предлог на приватно кој е најдобар?
Коруновски ама лично он ми е топ гинеколог што никогаш не би го сменила ако имаше вработени како што треба . Директен е , не зборува многу ,ама нај битно објаснува и кажува се што треба да се каже и знае , 850-900 е прв скрининг кај него (ако е твој матичен) а ако е приватно кај него сигорно е и по скапо , и во последно време е многу зафатен тешко да закажеш лично кај него , само на него нај веќе му верував во се што ќе кажеше не се сомневав во ништо ама го сменив одкако го запосли Бошковски кај него во ординација и се префрлив во друга ординација . Нема да згрешиш ако успееш да закажеш кај Коруновски .
@❤️Sneze❤️ @crvenkapa :* Јас секогаш без проблем кај Васо термин си наоѓам, е сега финтата треба упорност на телефон за девојчињата или Горан да кренат телефон (пр.упорно ѕвонење/пробување 40мин), или лично да отидеш да си закажеш. И на закажано може да си почекаш 20тина минути, а ако сакаш можеш и незакажано ама ќе се отепаш чекајќи. Прв скрининг 900, втор 1250 мислам (50 ден плус минус) ако ти е матичен, а за нематични мислам дека беше плус околу 400 ден. Ама јас дупло си одам од шо сум си таква паничарка, и кај него и во Систина кај докторката што ми правеше ИВФ. На првиот скрининг кај него убаво гледаше, дупло мереше, пушташе 4д, можеш се да си прашаш (јас со список на прашања му одам хахаах).
Јас кај Сузана Костовска што работеше кај него се префрлив , ама не е толку стручна како него секогаш и сама гледам на ехото што можам повеќе да забележам ако недај Боже има нешто , а скрининг кај неа првиот е 950 ден а вториот е 1500 ден што навистина е многу , а сепак истото го прават што скоро и на секој преглед го гледаат ептен ми се без веза вака што дерат со пари , а во ГАК би одела секој преглед ама не ми се чека со две деца по ходниците и плус трудна , битно да сме живи и здрави и ние и дечињата наши па пати а биле а не биле
Дерат и матични и приватни. И да сакаш ГАК нема термини за скрининзи до 2 февруари, види и сама на мој термин амбуланта 37, и амбуланта за фетален скрининг се со црвено до тогаш. А без закажано богами ако не си со врски ќе се изначекаш. Амбуланта 36 (за прегледи за бремени од 28 недела до породување) има термини, здравје да стасам до таму, па ќе му ја мислам.
Па затоа и кажувам дека таму нема шанси да идам се до пораѓај , и со двете деца отидов кога дојде часот за раѓање , до последен преглед се кај матичен ми беше , ама кај Коруновски утка си немаше се до датум за двете ми кажа и погоди ,а со Сузе ќе видиме како ќе биде
Супер е Сузе, сум била и кај нејзе кога не бил Васо тука, ама Васо цел живот го знам и од 18 година ми е матичен, и на мајка ми е матичен. Само ми фалат старите сестри што ги имаше.
И мене Васо матичен ми беше од моја 17 год. возраст ама заради тие некултурни што си ги има вработено и Бошковски не сакав да идам кај него веќе , кај Сузана и Снежана имам идено секогаш кога Васо не бил тука , исто и на мајками матичен и бил 25 год, ама и таа го смени затоа што префрлуваат за преглед кај Бошковски а он се извлекува како не е слободен .
Јас сум 13та недела, денес бев на скрининг кај др. Тодоровска. Задоволна сум, кажа дека се е во ред. Не чекав воопшто, бев со термин.