22 правев скрининг. За срце ако нема сомнително нешто на скринингот а сакаш сепак да го правиш, прави го најрано 28недела. Претходно бар по Драшко се води како суспектна состојба и се следи, а пред 28 не може прецизно да се каже. Бар така беше со дијагнозата на син ми.
И ја би отишла порано, баш читав поголем број од трудниците околу 28ма правеле. Ама Петрова на одмор се паѓа кај мене баш овој период, претпоставувам затоа рече 32. Сеа вака читајќи ве, ме уапа змија, може ќе закажам еден подетален за срцето кај некој друг. До сега немало нешто сомнително, затоа се опуштив... Ама ќе закажам.
Мојава матична исто за кај Драшко ми рече, но ми кажа 24та недела, а намерно во 24та за нели недај боже доколку има нешто да се реагира, имав пријателка што се во ред беше, баш таа недела тој и откри на срцето проблем. Со првото правев во 24та недела во Плодност, доаѓаше др од Струга, сега сакав кај Драшко, многу ми го исфалија. Ништо 20та ќе одам на преглед, а 22 ќе закажам скрининг, шубе ми е и мене толку рано да го правам.
Скрининзи правам кај Котларова, таа и бременост ми следи. Секој преглед ми го прави детален како скрининг и затоа и се мислев дали да одам кај Драшко, а имам доверба во неа. За првото не бев кај него, но на прегледи одев и во Софија и таму ми правеа скрининг на срце, па некако тројца доктори ми кажаа дека сè е во ред и не помислив кај него. Сега само кај Котларова одам и си реков да не треба да одам сепак и тој да види, така за мирна глава. Ах...
@Alishan30 јас правев во 21+5 за поубаво да се гледа. После отидов во 28, ама не кај Драшко. Кај него би одела само ако претходно на скрининг излезе нешто сомнително. Засега фала богу се изгледа во најдобар ред. Најбитно е тој што ти прави скрининг да е стручен за тоа и да му веруваш, затоа што срцето ептен детално го гледаат не верувам дека би се промашила аномалија што во тие недели се гледа на ехо ако стварно го бива докторот. Инаку во Систина следам бременост, верувам да требало да одам од прва кај Драшко дека ќе ме упателе по протокол.
@Alishan30 ако си била кај д-р. Лилјана за срце, во круговите на родители на деца со аномалии таа важи за постручна, ама нели не е во Систина па не е извикана. Инаку добар доктор за скрининг секако би забележал аномалија на срце, особено ако е поголема. Мене тогаш Димчев и докторката што ме бжводи ми забележаа и покрај тоа што беше "помала аномалија" (ако може така да се каже имајќи предвид дека станува збор за срце). Поминете го скринингот па ќе одлучиш дали и кога би правела.
докторката што ќе ми прави скрининг има добра и нова апаратура, и верувам, секој преглед ми е како скрининг, но сама таа ми рече, за срце убаво е да си направам доколку сакам но кај субспецијалист за таа проблематика, таа би видела нешто големо, за другото не е стручна и ситни детали. За проблемот од на блиски искуство, никој од извиканите доктори не го виде освен Драшко, за жал таа бременост мораше да се прекине. Затоа, да сум си мирна јас ќе направам, но не во систина туку кај него во Прилеп, поблиску ми е, и поефтино.
Рано ми е, 18+ сум сега, собирав мислења и искуства овде, ама здравје ќе пишам кога ќе помине. Со лесно и на тебе
Не се секирај, ако имало нешто таа ќе ти каже да одиш и да направиш. Во 32 си е третиот скрининг за протоци, постелка итн. и пак ќе ги ѕирне битните работи.
Според мене ако имало нешто сомнително ќе ти кажеле одма да закажеш термин. Мене минатата бременост на втор скрининг кога Димчев забележа, одма ме прати кај Драшко. Оваа бременост, рече дека се е во ред. Кога го прашав дали да закажам кај Драшко, ми рече нема потреба. Така да закажи си само ако сакаш за мирна глава, ако ептен сакаш. Уживај си во бременоста
Инаку денес се слушнав со Др.Драшко,максимум до 24та недела втор скрининг,цена за преглед во Прилеп е 1500 денари
Мене матичниот и гинекологот во Плодност што ме водат ме упатија кај него како за втор скрининг т.е ехо на срце на бебе,покрај нивниот преглед.Без индикации,чисто да сме мирни,исто беше и со првото