Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скрининг

Дискусија во 'Бременост' започната од Nina. 1992, 11 јануари 2017.

  1. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Единствена маана што можат да му ја најдат луѓето е тоа што ДА не збори многу и ДА не трае долго прегледот (скринингот ) . Јас и во првата бременост вториот и третиот скрининг кај него ги правев и сега во втората исто . Е сега кој што си бара од скринингот кој што очекува .. Мене апсолутно НЕ ми пречи прегледот да трае и 5 мин и уста да не отвори , битно ми е дека му верувам на стручноста безрезервно и тој за тие 5 мин да види се што треба да види и ич да не ми збори . Јас сум најсреќна кога нема да ми коментира само на крај ќе ми каже дека нема никакви замерки за растот и развојот на бебето тоа е се што сакам да слушнам затоа што како што кажав веќе му верувам и не го менам за скрининг за никој друг доктор . Е сега тука стапува македонскиот менталитет - сум дал 6000 ден и има да ме гледа пола саат и да ми кажува се во врска со детето небаре јас доктор сум . Додуша си гледам јас и сама на екранот што и како мери веќе знам од прилика нешто :rofl: ама не го запиткувам чекам тој да ми каже ако има нешто да прокоментира . Ако бараат муабет и преглед од пола саат на ехо нека си побараат друг доктор дефинитивно . Мене тоа не ми значи воопшто за мене Павле е врв :D
     
    На Autumn Love, Алек***, Brpbrp и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Луѓето воопшто не се од тој тип ‘ќе ме гледа долго за 6000 денари’ туку едноставно прво бебенце после борба и сакаат да слушнат нешто повеќе од ‘Се е во ред’. Ги разбирам зашто ниеден преглед во бременост не ми траел пократко од пола саат, сум го гледала бебето од прсте до срце и реално да правиме муабет скрининзите се најубавите прегледи.
    А ни слики не и дал.
     
    На azelea и 0ли им се допаѓа ова.
  3. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Не знам стварно мене ми е сосема доволно “ се е во ред “ да слушнам додека го носам во мене . Секој со свое мислење . Мене ми е пресудно да верувам во неговата стручност а сега кој како милува за подолг преглед дефинитивно друг доктор нека бараат немам предлог затоа што не сум била .
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Односот негов според тоа што сум читала по темиве е како ќе ти се погоди.

    Во првата бременост одев и кај Петрова и кај Симонида.
    Стручни се каде и да оди, но ако сака подолг преглед и повеќе муабет, тогаш Петрова не е за тоа.
    Има поинаков однос од она што ми се допаѓа. Не барам да ми се лигави или да ме гушка, но не сакам ни да ми се однесува надмено. Ние бевме со проблем, за кој таа малку и ноншалантно се однесуваше, а мене ми значеше во тие моменти да ми се објасни убаво. Инаку бев решена да се пораѓам кај неа, но таквиот однос ме премисли.

    Симонида зборува додека гледа и мене тоа ми се допаѓа, сакам да слушам.
     
    На Martka и Skyler им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    40.414
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие со лошо искуство од односот кај него. Да не ја повторувам мојата приказна, ама тоа што ми го направи беше нечовечно според мене. Нејсе, јас оваа бременост скрининзите ги правев кај Гордана Петровска и сум многу задоволна затоа што те води низ прегледот што и како гледа, дали има отстапки, сомнежи и слично. Не трае пола саат прегледот, ама по она како го води едноставно влева доверба.

    Да се разбереме, никој не е безгрешен, ама за него ете мене не ми остави убаво сеќавање за да го препорачам понатаму. Дополнително што имам два случаи во блиска околина каде има направено утки. Затоа за втората бременост бев решена да го сменам и го сменив.
     
    На Japonka9 и Skyler им се допаѓа ова.
  6. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Здраво,
    Дали некој правел скрининг во 12 недела кај др. Маџунков во Струмица? Да сподели искуство, јас би сакала кај него да го правам :)
     
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.675
    Јас на почетокот бев преплашена што ништо не збори и прегледот трае кратко.
    На сите мои прашања одговарал.
    И сосема доволно ми е да каже се е во ред. Да види нешто дека не е во ред ќе каже.
    Топла препорака за докторот.
     
    На Anomis11 и Skyler им се допаѓа ова.
  8. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.025
    Пол:
    Женски
    Da i super e
     
  9. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.025
    Пол:
    Женски

    Se soglasuvam,sto i da kaze taka i izleguva na kraj,epten e obrazoven i ima znaenjee zatoa mi trebat samo 5 minuti za da sfati dali nesto e vo red ili ne bidejki cel zivot ja raboti taa rabota
     
    На AlchinovaR1979, juice_ и Anomis11 им се допаѓа ова.
  10. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Јас одев и кај Гордана и кај него во двете бремености. Искрено префини мене ми се погодија и двајцата, имам позитивно искуство ,поготово од Димчев бев баш изненадена.
     
    На Skyler и Anomis11 им се допаѓа ова.
  11. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    955
    Јас ќе кажам мое мислење и искуство.
    Во сите три бремености бев кај него.
    Првата гледаше, кажа во ред е се, јас некое прашање имав, ми одговори и толку.
    Втората, ме гледаше, ми рече да јадам благо, пак ме гледаше, и ни кажа што ни кажа. Откако ни соопшти, ме упати кај Драшко. Дојде и тој. Според Драшко беше ок. Отидов кај уште двајца доктори, приватно и државно. Еден не виде ништо, друг виде. Пак кај Димчев, Бугарија, Димчев… цел период беше до мене. И тој до крај остана на своето мислење, ама ми помогна за Бугарија. Може не збори, може има по ладен карактер, ама јас не би го менувала.
    Трета бременост, кај него. Преглед како првиот, супер е се.
    Според мене, искусен доктор е. Јас му верувам.
     
    На H.VAGA, Skyler и Anomis11 им се допаѓа ова.
  12. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.243
    Допаѓања:
    11.297
    Пол:
    Женски
    Извини вака што улетувам и мењам тема, вие продолжете си.
    Зошто ти рекоа да јадеш благо?
    Истото и Петрова Ремедика ми го кажа тоа на трет скрининг, кај мене за намалена плодова вода, па дали е за истото и кај тебе?
    Настрана тоа што се давам во благо....
     
  13. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    955
    Не не, да каснам благо за да се размрда бебе… тогаш не сфатив ништо, ама после поврзав, да каснам за да се размрда бебе, за убаво да види.
    Отпосле ми кажа дека видел нешто, ама не сакал да ме паничи додека не провери пак…
    Може јас погрешно сум се изразила погоре…
    Иначе за тебе, претпоставувам, иако не сум сигурна, нели зголемена плодова вода поврзуваат со скриен шеќер.. па претпоставувам ти рекла да јадеш благо за да се зголеми плодовата вода… може тропам глупости, ама ова по некоја логика…
     
    На DaisyDoo и Anomis11 им се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.803
    Допаѓања:
    12.323
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, осеќам доза вина зашто јас им го препорачав на непроверено од пофалбите тука, инаку јас кај Петрова идев ама проблем е за термин.

    @0ли Со тебе се насмеав, секогаш кликнуваме со различни доктори :D
    Знам за што збориш зашто така носев една другарка кај неа, девојката имаше абортус поодамна (по нејзина желба) ама сега многу се кае и баш и спомна за тоа, а Петрова беше толку ноншалантна као ‘тоа е, завршена работа нема зошто сега да се враќаш толку далеку, така си сакала, така си направила’. Мислам ништо лошо не и кажа ама така беше малку без емоции што на пример со мене никогаш не и се случило. Јас па неа не можам да ја сменам, 15 години одам кај неа, сеа за 2 месеци оди во пензија и голем проблем ќе ми биде да се навикнам на нов доктор.

    За Димчев не знам што да кажам, веројатно си е до нас луѓето какви очекувања имаме и што сакаме.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  15. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    955
    Глеј, и за очекувањата си во право :)
    Ама, верувај, дека скоро секој од нас искусил негативно искуство кај некој од ‘познативе’ доктори. Пример, некој кај Димчев, некој кај Петровска, некој кај Петрова…секој со свое искуство. И јас кај друг доктор имам лошо искуство, во еден за мене ептен неубав момент, кога ми требаше поддршка од доктор, ама тоа е. Ама па многу пациентки се задоволни од неа. Па би рекла, ете мене така ми се погодило. Затоа, не чувствувај вина. Ти не можеш да знаеш како ќе биде. Најважно е дека си и препорачала навистина добар доктор.
    Јас само посакувам, покрај се, да си има успешна бременост и живо и здраво бебенце :)
     
    На Skyler и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  16. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Ама сега јас се изнасмеав :D
    Не мислев на Петрова од Ремедика, за Петровска од Систина ми беше муабетот :rofl:

    Нешто како да не ми оди во оваа бременост со паметов :worried:

    Се извинувам, погоре пишував за Гордана Петровска од Систина. Со Петрова од Ремедика немам искуство (facepalm)
     
    На eli25 и Skyler им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.758
    Ме зачуди и мене :) Петрова надмена , а таа прескромна :D
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    6.550
    Пол:
    Женски
    Мене па доволно ми збореше и објаснуваше. Нема потреба приказни да раскажува :D
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Што не кажа, да не се брукам :D
    Да речеше а да не мислиш на Петровска :D
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.758
    Фатив да ти реплицирам ноќеска ,ама сум заспала ми остана недопишано :D
    Ќе те карав зашто така викаш за Петрова :rofl:
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.