Мешиња здраво, јас сум во дилема и не знам како да ги испланирам баш прегледите. 25+2 сум последниот преглед кај матичната ми беше пред два дена и ми кажа следен преглед да сме се виделе за трет скрининг во април кога ќе сум 31ва недела. Мене тоа ми се гледа некако многу касно а и сакав и третиот скрининг да си го правам кај афродита во ремедика. Дали мислите да си закажам скрининг некаде 29та недела кај афродита дека е прерано? После би отишла кај матичната 32ра некаде.
Која ти е матична? Ти отиди за 4 недели кажи дека имаш некои чудни болки, ако не сака да те прими со редовен закажан термин Многу се прават паметни матичниве.
Кај Радица Бојчева сум и не сум нешто многу задоволна, многу ми е брза некако а реално и скапа, секој преглед ми наплаќа ехо стандард плус вагинално што ми мерела цервикс ама тоа е. Ќе ја истерам бременоста кај нејзе за понатаму ќе размислам да сменам.
Оф леле сите со иста мака. Колку ти наплаќа? Ако нема разбирање оди си на приватно за трет скрининг како што викаш,па потоа кај неа. И мене ме откачи мојава пред втор скрининг да не одам кај неа, а немав отидено од 16та недела. На 2 скрининг бев 21 недела, сега кај неа требало за 3-4 недели. Кога ќе видиш скоро 10 недели она не знае што се случува со бебето. А за цицање пари први се.
Тоа е тоа, немаше воопшто да ми е мака ако се малце потемелни прегледите. 500 денари за ехо + 300 за вагинално ехо, барем сликичка испринтана да ми дава. Таман ќе размислам до 15ти кога ѓи пуштаат термините во ремедика ама најверојатно ќе си закажам кај афродита во 29та.
Nema da zgresis kaj afrodita tolku e detalna i prijatelski nastroena ,jas vodam kaj nejze bremenost sega sum 26ta vo 30ta ke odam i potoaa se pocesto kaj nejze
Моето искуство кај Димчев е од пред 4 години. Прва бременост, пратена бев кај него по препорака на матичниот во 11 недела поради сомневање за аномалија на плодот. Ме виде докторот и само што ја стави сондата ми рече “ова не чини, треба да правиш хорион биопсија” кога го прашав каква е процедурата почна очи да превртува и ми рече оди долу испи едно кафе, размисли и врати се кажи ми дали ќе правиш. Стануваше збор за интервенција од 24.000 денари. Јас во шок бев. Прашалници зошто, како, на секое мое прашање дрско и кратко одговараше, емпатија нула. И на крај ми се развика. Сето тоа во 5 минути. Одвај солзите ги задржав, надвор кога излегов се рушив од плачење, повеќе заради односот негов. Од таму правец Ремедика. Не ми требаше трето мислење или да слушнам нешто убаво пошо знаев дека не е, ми требаше доктор кој ќе ме сослуша и ќе ми одговори на прашањата. Ремедика не знаев никој, Симонида беше на смена и ме ушалтаа некако да ме прегледа на незакажано на крај на смена. Многу убаво и детално ме гледаше, сѐ што гледаше ми објасна, до крај ме сослуша и на секое прашање ми одговори. Покрај целата ситуација со плодот јас од таму излегов смирена и спокојна. И кај неа продолжив да одам за сѐ друго и наредната бременост цела ми ја водеше и ме породи, презадоволна бев. Димчев е стручен ама однос со пациент нула барем според моето искуство. Откако сум на форумов читам поделени мислења за него, некој ќе каже супер, некои не се задоволни, пак зависи кој што очекува.
Здраво, ме интересира доколку некојс знае каде во Битола се прават скрининзи и приска освен во Плодност? За Плодност знам, таму ги правев скрининзите во првата бременост но општо ме интересира дали прават на друго место, каква им е апаратурата и сл?
Na bolnica pravat prvo skrining, ti davaat upat so merki za vo labaratorija za priska. Skriningot i priskata se besplatni
На болница, приска направив сега пред 2 недели за второво, исто и за првото таму, втор скрининг ти закажува матичен си одбираш кај кој доктор сакаш, јас со првото кај Др Никола правев скрининг ми го пофалија, не зборува многу си гледа и ќе кажи то што треба, сега пак кај него ќе закажам. А за париската мерките и прв скриниг ми ги направи матичниот, Др Славко после на болница в лабораторија ти земат крв истиот ден имаш резултат.
Значи ако убаво разбрав прв скрининг прават матичните. Сега на последен преглед прашав, ме закажа за почеток на април и ми рече јас си прам се сам во однос на скринингот Мене ми е Тони Анастасиевски.
Драги дами, какво мислење имате за Др Павле Димчев од Систина за втор скрининг? Некој што бил или има близок што бил, да каже какво мислење има за него.
Јас бев и на прв и на втор скрининг кај него Првиот скрининг поминав супер јас испаничена цела пребледена докторот ме опушти,зборуваше,се нашали, фин беше.Вториот скрининг мукла 2-3 збора кажа и толку само рече добро немам никакви забелешки да се видиме на трет ако сакате 28 недела.Потонав таму не му го погодив денот,а читав овде дека знае така да биде.За стручен верувам дека е само не е комуникативен да не речам ич
Да мене матичниот ми го направи, колку што памтам и со првото тој ми го правеше, а за втор скрининг правев на болница Битола, исто и сега таму ќе го правам вториот.