Јас денес правев Бт на болница 20+3 дена, се убаво се гледаше, се ми покажа докторката, мн убаво ни објасни.
Кај Николина, таа ме породи првиот пат, задоволна сум. Здравје пак кај неа ќе се пораѓам. Царски оти и првиот бев царски.
Девојки дали на втор скрининг кај Димчев ви измери цервикс ? Или тоа е доколку си побараш сама и се плаќа дополнително?
Не се плаќа дополнително. Ако процени докторот дека треба секогаш мери или ако имаш проблем кажи му сама ќе измери.
Јас бев кај Гордана ми го измери без да и кажам, но абдоминално. Во извештајот е потенцирано дека е измерено абдоминално
Мислам дека членката мислеше на Гордана Петровска од Систина. Имам слушано многу позитивни коментари за нејзе , дури повеќе и од Димчев. За Петровска зборам.
Девојки дали некој има добиено термин за месец мај кај Димчев ? Веќе недела дена ме возат , јави се утре , јави се задутре
Ме интересира колку е втор скрининг кај др. Димчев? Штом сте биле кај др. Димчев на првиот скрининг дали вториот пат ќе биде поевтино или истата цена?
6100 е втор скрининг и ќе ти го наплатат толку иако си била на прв скрининг кај Димчев. Обично првиот го наплаќаат како обичен преглед(3850 ден)
Девојки кажете кој има искуство на ГАК од прв скрининг. Утре имам закажано, на упатот пишува акушерска амбуланта 1, соба бр 37, не знам кој доктор ке биде. Иначе 12+4 сум утре и мислам дека е таман за скрининг. Знаете дали пуштаат и мажи? И даваат ли сликичка од бебето?
Треба да е др. Данева во соба 37 утре. Мажи не пуштаат внатре,дури и од ходник може да го избркаат. Слики даваат,ако го фатат, ама црно бели.