Не не, не за 10та недела да правам скрининг, и онака нема термин од денес за утре, туку помислив да не каснам со закажување, дека знам се чека за термини. Знам дека се правеше скринингот после 11та недела ама не знаев до кога па реков да прашам за сигурно
Органџиски болница, имаат добри доктори. Мислам дека снаа ми плаќаше 4500ден. Ама, посветено внимание и време околу 40мин. А, не како кај други, за 5-10мин и ајде. Колешка се жалеше од Систина за ова.
Јас би ти го препорачала Др. Никола Маџунков, Поликлиника Мартини -Струмица. Вториот скрининг го правев кај него и сум презадоволна. Ме гледаше цели 45 минути и се ми беше детално објаснето. Додека те гледа не коментира многу (може само да вика одлично, супер), меѓутоа откако завршува се е објаснето . Скринингот е 4200 ден .
Дали ќе го гледа 3 саата или 3 минути не е битно. Битно е дека ако е свртено добро ќе се гледа се и одма ќе се види. И мене скринингот ми траеше 15 минути и тоа и двата и сликичка ми дадоа и се си беше во ред.
Во ред, јас само споделив тоа што ми имаат кажано, не сум била бремена и не знам. Ама, кога ќе правам, не би сакала да му вадам зборови на некој со клешта и да ме шутне за 3мин. Така што, мене и тоа ми е битно. А најбитно е се да е во ред, точно.
Ако сакаш внимание и комуникација Елена Петрова Ремедика,а инаку и Димчев Систина само не е толку комуникативен кажува добро е не е добро или ако го начекаш расположен.Инаку стручни се и двајцата мн
Мене ме гледаше Димчев, и одма забележа дека нешто не е во ред. Секако пробуваше подетално да види…друга докторка ме гледаше подолго, и на укажано, пак не виде дека нешто не е во ред. Многу е битно докторот да е доволно стручен, а колку време ќе му треба тој си знае. На крај на ден, ако гледа и два саати, а не види што треба, се е џабе. Ова само мое искуство и мислење. Секако го почитувам и твоето.
Јас многу пати вртев ,но никогаш не успеав да ги добијам на поставениот број (02 3099 500) . Цело време си закажував на следниов начин : https://acibademsistina.mk/zakazhi-pregled/ Ќе потполнев потребни податоци и потоа тие ме бараа телефонски .