Не знам која е потребата да се разговара со доктор преку телефон ако на секој преглед е се во ред со бременоста. Тие се луѓе исто како сите други и не може да очекуваме да бидат достапни 24/7. Баш би мислела дека нема да ми обрне доволно внимание ако ''замарам'' преку телефон, зарем можат тие да знаат за сите пациенти се. Во случаи на ризична бременост претпоставувам дека е поразлично, но во нормални случаеви не би очекувала некој да ми биде достапен нон-стоп. Тоа е само мое мислење Со лесно на сите
Е точно е дека има пациенти што прашуваат секакви работи. Не замарам на секое, прашував само кога добив резултати од уринокултура, да каже кој антибиотик да го земам од листата и на брисеви кога имав кандида да каже што да правам. Трипати и' имам пишано во цела бременост, а не сум и' ѕвонала никогаш. Сепак осет треба да се има и за што се прашува и во кое време.
@rikimiki да не мислиш дека те убедувам кај Котларова да го правиш скринингот. Тој ми беше најубавиот преглед, а толку бев стресена пред да влезам. Секое органче детално го гледаше и ми покажуваше на екран ми објаснуваше иако јас не се разбирав, на толку разбирлив начин се трудеше да ми објасни. Си била на преглед, отприлика знаеш како е. За стручноста на докторката пишувано е многу на форумов, исто како и за Димчев, но има и доста искуства и за двајцата каде нешто им пребегнало, не виделе, што може на секој доктор колку и да е стручен да му се случи. Значи од преглед до преглед се случува некогаш бебе да е во некоја понезгодна позиција свртено за гледање и да се пропушти некој детал. Те гледам дека си со страв и поради лошо искуство што си имала претходно, па искрено да сум на твое место јас би отишла на 2 мислења за скринингот, едното од нив да биде Симонида ако веќе сакаш она да ти води бременост и да те пораѓа, и уште едно или на ГАК или кај Димчев ете чисто ти да си мирна.
Епа тоа е ти три пати некоја сто пати. Особено паничатки што има на секое што се вадат за се од памет. Не се сите со осет за жал.
Здраво, тие што водите бременост во Систина, кај кој доктор правевте трет скрининг? Втор скрининг правев кај Димчев. Дали да закажам кај него или може и кај докторот што ми ја води бременоста?
Кој прави втор скрининг на ГАК? Доктори, специјализанти или кој стигне? Имам во вторник термин, без име на доктор, само пишува скрининг, па сакам да одам, иако бев веќе на приватно.
Кај мене и за првиот (амбуланта 28 ) и за вториот скрининг (амбуланта 37) беа докторите што се регуларно на список. Влегов точно на закажаниот термин. Задоволна бев од прегледите. Прво на приватно бев за прегледите, па на ГАК.
А во 37ца кои доктори се? Минатиот пат имав за клексани закажано во 36 амбуланта, а сега во 37 зошто немало место во 36, а и за во 37 сум била. Не ја ни разбрав баш искрено.
На втор скрининг ми кажаа дека бебуш има циста на мозочето, некаде прочитав по форумов дека се повлекувале, ако има некоја членка да сподели која недела се повлекла и дали имало потреба од амниоцинтеза
Здраво. 9+ сме,несум од ск. првата бременост за прв скрининг не ми закажа,поминал терминот а јас не бев доволно инф.во која недела се прави. Втор правев во државна. Е сега несакам да испуштам ништо,дали одите во држ.и кај кого имате искуство? Или пак да си закажам приватно.Не ги знам кој каков доктор е а и одамна беше пред 9 години не памтам кај кого бев тогаш. Ви благодарам
Јас прв скрининг правев кај др. Маџунков во Струмица, Мартини поликлиника, вториот исто таму планирам. Ако си од тој дел од Македонија, топло го препорачувам
Ти благодарам душо. Од Кичево сум и тамо не правеа (барем тогаш не)и не праќаа во Скопје.Утре сум на контрола и не сакам да ризикувам зошто имам и 4 миоми,и многу се плашам овај пат. Ти која недела си
Сите сме со по некој проблем и преплашени, но што е од Бога дадено тоа ќе биде Јас сум 20 недела, втор скрининг треба да правам. Среќно каде и да се одлучеш за скрининг
Ана Данева, Даниела Јованова, Ели Николовска, Иво Ќаев, Горан Кочовски. Овие ги памтам. Ги знаев и другите, ама толку од паметов, почна да ми се одјавува. Во 37 амбуланта ехото е многу подобро од 36.
Ај ќе видиме кој ќе се падне утре. Во 36ка дигитрон им е минатиот месец бев таму катастрофа едино докторката беше фина.